Контакт

Црна хроника

Момче удрило во карпа во езерото Матка, со тешки повреди пренесено во болница

Објавено пред

Деветнаесегодишно момче со тешки пвореди било пренесено во болница, откако удрило во подводна карпа во езерото Матка.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера. Од Ургентен центар околу 18 и 30 часот било пријавено во полиција дека со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.

Според пријавеното, околу 18.10 часот Ч.Н., кој бил со друштво на Матка, од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Топ

Возило излета од патот кај Прилеп, на лице место почина совозачот

Објавено пред

Седумдесет и едногодишен прилепчанец почина во сообраќајна несреќа вчера напладне на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после селото Ропотово.

Тој бил сопатник во возилото кое излетало во канал надвор од патот, а со кое управувал М.Т.(66) од Прилеп.

Возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болница, информираат од полицијата.

Од прилепското обвинителство информираа дека заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп, вчера извршиле увид на патот каде се случи сообраќајна несреќа.  Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети, со цел да се утврдат причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Мотоциклист удри во паркирано возило во Штип и се здоби со тешки повреди

Објавено пред

Вчера на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип, мотоцикл управуван од 47-годишен штипјанец, удри во паркирано патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки, по што падна на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата.

На местото на несреќата извршен е увид.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Без дозвола вршеле превоз на дрва за огрев

Објавено пред

СВР Штип поднесе кривична пријава против М. С. (29) од с. Кучица, општина Карбинци, и Д. Г. (32) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без лиценца.

Како што се наведува, на 9.10.2019 и 11.10.2019 од с. Кучица до улицата Енгелсова во Штип и од склад за дрва на улицата Брегалничка до улицата Сутјеска во Штип, пријавените со камион вршеле превоз на огревни дрва, без да поседуваат лиценца.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и...

Топ53 минути

Возило излета од патот кај Прилеп, на лице место почина совозачот

Седумдесет и едногодишен прилепчанец почина во сообраќајна несреќа вчера напладне на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после...

Европа2 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија2 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија2 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија2 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет3 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет3 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија3 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт3 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија14 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион14 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион17 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа17 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија20 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија21 час

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија23 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ1 ден

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија1 ден

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Досие