Црна хроника
Мотоциклист е тешко повреден по сообраќајка со велосипед
Вчера во 18.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.,,Климент Охридски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Ч.(48) и велосипед управуван од Љ.А.(75), двајцата од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Ч. констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Maж од Валандово му го запалил автомобилот на сограѓанин
Полицијата синоќа во Валадово приведе 40-годишен маж од градот, под соммение дека го запалил автомобилот „опел“ на негов сограѓанин.
Од МВР велат дека на инцидентот претходеле и телефонски закани.
Приведениот е задржан во станица, а во неговиот дом извршен е претрес.
Црна хроника
Автомобил се судри со мотор управуван од малолетник во Неготино
Во полициската станица во Неготино било пријавено дека дошло до сообраќајна несреќа по полноќ, на крстосницата од улицата „Индустриска“ и локалниот пат за селото Курија.
Во несреќата учествувале автомобил „шевролет“ управуван од Д.В.(34) од селото Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од селото Виничани, општина Градско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, кој истотака е малолетник од селото Виничани, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Сообраќајка со трактор на патот Прилеп-Битола, патниците во автомобилот тешко повредени
Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и трактор се случила вчера на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влезот за селата Добрушево и Клепач.
Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од селото Канатларци, прилепско.
Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.
Извршен е увид.