Црна хроника
Му го зел скелето на заем, па го продал

Битолчанец зел на заем скеле од свој сограѓанин, со цел да изведува градежни работи, но место тоа, тој го продал скелето во Прилеп.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Д. (45) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.
Имено, во ноември пријавениот го довел во заблуда оштетениот П.М. од Битола дека ќе изведува градежни работи во село Црновец за што му требало неговото монтажно скеле.
Се договориле дека ќе му исплаќа по 400 денари за секој поминат ден што ќе го користи.
За наведениот договор му оставил и капар, но скелето место во село Црновец го транспортирал во Прилеп, каде што го продал во стовариште. На овој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 50.000 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Напад со остар предмет во автобус во Скопје

На 02.02.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од с.Студеничани, Скопско, пријавил дека околу 13.40 часот во градски автобус бр.55 на ул.„Методија Андонов Ченто“, по кратка расправија, едно лице го нападнало со остар предмет и му нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
МВР: Во акциска сообраќајна контрола санкционирани се 43 возачи, кај 42 возила констатирани неправилности

Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на целата држава. При контролата санкционирани се 43 возачи.
Од нив, 23 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило).
Во однос на возилата кај 42 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, шест поради измината важност на сообраќајната дозвола.
За време на контролата санкционирани се и 127 други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Товарно возило усмрти пешак во Скопје

Товарно возило удрило во 92-годишна жена од Скопје, соопшти полицијата.
Вчера, во 13.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Марко Орешковиќ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С. Н. (40) од с. Богомила, Велешко, удрило во пешакот Б. М. (92) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добила Б. М. по што била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им подлегнала на повредите.
Според МВР, извршен бил увид од јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.