Контакт

Црна хроника

Нападнат полицаец на паркинг

Објавено пред

Утрово во 2.40 часот полициски службеник од Полициската станица Гази Баба физички бил нападнат од лицето Ф.А. (31) од Скопје.

„Додека полицискиот службеник се движел кон своето возило кое било паркирано на паркинг-простор на улицата Лазар Поп Трајков, бил пресретнат и физички нападнат од Ф.А. Напаѓачот бил совладан и приведен. При приведувањето во полициска станица, Ф.А. во еден момент се оттргнал и физички го нападнал и дежурниот полициски службеник“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведени две лица, се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

Објавено пред

Полицијата приведе две лица кои се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, приведени се лицата Е.М. и Е.Х., двајцата од село Долна Бањица, Гостивар.

Е.М. со камион „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Северна Македонија на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кавадарчанец со автомобил излетал од патот и удрил во дрво

Објавено пред

Педесет и петгодишен кавадарчанец со автомобил излетал од патот кај градските гробишта во Кавадарци и удрил во дрво. Тој со тешки повреди е пренесен во болница, а засега не се познати причините за несреќата.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново, кај градските гробишта, кога К.Г.(55) од Кавадарци, со возило „ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Објавено пред

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот.

За време на пожарот нема повредени лица, но предизвикана е голема материјална штета пришто целосно изгореле дел од едрилиците.

Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и 13 пожарникари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд, за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот, Вулнет...

Македонија2 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија2 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија4 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија5 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија7 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет9 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет9 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет9 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет10 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет10 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет10 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија21 час

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија22 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион1 ден

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие