Црна хроника
Напад со остар предмет во автобус во Скопје

На 02.02.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Х.(24) од с.Студеничани, Скопско, пријавил дека околу 13.40 часот во градски автобус бр.55 на ул.„Методија Андонов Ченто“, по кратка расправија, едно лице го нападнало со остар предмет и му нанело повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жени се степале по недоразбирање во сообраќај

Во текот на вчерашниот ден во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30) од Република Србија, со престој во с.Зелениково, скопско, пријавила дека околу 14,40 часот на локален пат во општина Петровец, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
МВР информираше за настан кој се случил на 06-ти овој месец во основно училиште во Гостивар.
Пријавената – која е наставничка во училиште, за време на час физички нападнала еден ученик.
Црна хроника
Во Гази Баба приведен криминалец баран со потерница

Денес, во скопската населба Гази Баба полициски службеници го приведоа К. И. (34) од Скопје.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело тешка кражба.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.