Црна хроника
Насилство во Скопје: жена нападната од поранешниот партнер, ја натепал и нејзината малолетна сестра и им го кршел инвентарот

Дваесет и петгодишна жена од Скопје пријавила дека на 27 септември, околу 13.30 часот, во семејниот дом на подрачјето на Драчево таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А. Ф. (34) од Скопје.
Притоа мажот искршил и дел од покуќнината.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во дневниот полициски билтен има уште неколку пријавени случаи на семејно насилство.
Денеска 34-годишна жена пријавила дека на 29 септември околу 18.00 часот во семејниот дом во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К. од Скопје.
Истиот ден, 29-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг З.С.(34) од Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 31.08.2024 пред продажен објект во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка, при што и нанел телесна повреда, објави МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Уапсени три лица на вчерашниот фудбалски натпревар на Градскиот стадион

Три лица се уапсени на вчерашниот фудбалски натпревар што се одигра на Градскиот стадион во Скопје.
Според информациите на МВР, приведени се Ф.Д.(19), М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.