Црна хроника
На гранични премини уапсени лица барани од Интерпол

Вчера во 12.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.К.(25) од Република Турција затоа што при контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка апси по барање на Интерпол.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Претходно истиот ден, во 10.30 часот, на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(23) од Република Албанија затоа што при контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка апси по барање на Интерпол.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка измамила странец: му дала клуч од туѓ стан, тој и’ платил без да го види, па не можел да отклучи

21-годишник од Република Турција пријавил во полицијата дека бил измамен од женско лице од Скопје.
Според пријавеното, откако на 29 ноември на социјалната мрежа Фејсбук видел дека жената изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба.
Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 2 декември тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Средовечна жена од Валандово го нападнала сопругот, полицијата ја приведе

Полицијата доцна синоќа во Валандово приведе 50-годишна жена од градот затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец заврши во полицијата поради сомнеж дека со автомобилот удрил во сограѓанин по расправија

Со охриѓанец бил извршен службен разговор во текот на вчерашниот ден поради сомнеж дека со автомобилот намерно удрил во сограѓанин.
Од МВР велат дека се работи за 45-годишен маж од Охрид за кој постои сомнеж дека во градот, по претходно недоразбирање, со неговото возило го удрил Д.Т.(22) .
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.