Контакт

Црна хроника

На Олимп загина 57-годишен скопјанец

Објавено пред

Македонскиот планинар кој загинал на планината Олимп во Грција по пад во провалија е 57-годишен скопјанец со иницијали М.Г. Информацијата ја потврдија и од МНР. Според нивните првични сознанија, по сведочењето на очевидци, несреќата се случила на 100 метри пред планинарскиот дом Спилиос Агапитас.

Според информациите, тој бил дел од деветчлена група од нашата земја која викендов се искачувала на грчката планина. Несреќата се случила кога на човекот му се слошило, по што паднал во провалија. Не се исклучува и можноста дека пред падот доживеал срцев удар.

Неговото тело со помош на спасувачка екипа од местото на несреќата било пренесено во најблискиот планинарски дом, а по обдукцијата, закажана за утре, ќе бидат утврдени точните здравствени причини кои довеле до падот на планинарот.

Во извлекувањето на планинарот биле ангажирани 14 пожарникари и припадници на специјалната единица за несреќи.

Црна хроника

Пронајдена торба со марихуана кај Ќафасан

Објавено пред

Во саботата околу 21 часот во полициска станица Франгово, било пријавено дека на магистралниот пат во близина на граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници пронашле торба со марихуана. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Истрага против скопјанец кај кого е пронајден еден килограм марихуана

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 октомври, полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Осомничениот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Осомничениот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притв

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца повредени во судир на мотор и автомобил

Објавено пред

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на регионалниот пат Струмица – с. Баница помеѓу мотоцикл, управуван од Д. А. (28) од Струмица, и автомобил „ситроен Ц4“, управуван од А. К. (75) од Струмица.

Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош, а телесни повреди добила сопатничката на мотоциклот С. Ф. (35) од с. Вељуса.

Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет2 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ3 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ3 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија3 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија5 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа5 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа6 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт15 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија20 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ22 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион23 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура23 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија1 ден

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Досие