Црна хроника
На Табановце уапсен маж од Кавадаречко, автомобилот што го возел бил баран од Интерпол – Велика Британија
Вчера, во 23.50 часот, на граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода 29-годишниот П. Е. од Кавадаречко затоа што, по извршените проверки, било констатирано дека патничкото возило „ауди а6“, со британски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по барање на Интерпол – Велика Британија откога на 9.2.2024 било пријавено дека било одземено, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок
Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари.
Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.
Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот.
Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Со картичка и полномошното на покојниот сопруг подигала пари од банкомат: кривична за делчевка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево.
Таа се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат, извршила други плаќања, а на 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да каже дека нејзиниот сопруг е починат, го искористила полномошното и на шалтер од банката подигнала пари.
Црна хроника
Допирал по телото малолетничка: уапсен 79-годишен скопјанец
Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 15:00 часот во неговиот семеен дом тој ја допирал по телото негова малолетна сосетка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.
