Црна хроника
На Ќафасан уапсен разбојник по кој трага Интерпол

На Граничниот премин „Ќафасан“ на влез во земјава е уапсен Д.Л.(41) од Република Албанија, по кој имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело – ,,вооружен грабеж“.
Тој бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и предаден на Основниот Суд Струга, каде му е одреден екстрадиционен притвор во траење од 30 дена, по што е предаден во Казнено поправната установа ,,Затвор Охрид“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец каснат од куче на улицата Натанаил Кучевишки

Педесет и осумгодишен скопјанец на 14 февруари во Полициската станица Чаир пријавил дека бил нападнат од куче скитник.
Тој на службениците им објаснил дека кучето го каснало во пределот на левата потколеница утрото додека се движел по скопската улица Натанаил Кучевишки.
Црна хроника
Скопјанец пријавил дека го тепале контролори на ЈСП

Во Полициската станица Бит-пазар во вечерните часови на 14 февруари, 38-годишен скопјанец пријавил дека бил натепан од двајца контролори на ЈСП.
Како што рекол тој, истиот ден на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, во автобус на ЈСП со број 19, двајца контролори физички го нападнале кога им рекол дека нема билет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Дебарско барал пари од поранешната девојка за да не објави експлицитни фотографии

Дебарската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишник од село Голем Папрадник поради сомнение дека ја уценувал поранешната девојка, исто така малолетничка, да му даде пари.
Како што информираат од МВР, во текот на декември 2018 година, пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканил на девојката со која претходно бил во љубовна врска, дека доколку не му даде одредена сума пари, на социјалните мрежи ќе објави фотографии со експлицитна содржина.
Кривичната пријава за 17-годишникот е за сторено кривично дело уцена.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал