Контакт

Црна хроника

На 144 лица им се издадени решенија за самоизолација

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лице потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во периодот 03/04.04.2020 евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Во судир на автомобил и мотор повреден 22-годишник

Објавено пред

Дваесет и двегодишно момче од Скопје е тешко повредено доцна синоќа кога со својот мотор се судрил со автомобил на крстосницата од улицата Бертранд Расел и улицата Николај Островски во Скопје.

По незгодата, со возило на итната медицинска помош М. Б. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тетовци се забавувале и запалиле оган среде улица за време на полициски час

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Л.Ј.(35), У.С.(23), М.Ф.(30), А.П.(26), Ф.С.(51), Ф.С.(45), Ј.П.(33), Ј.С.(31), А.И.(30), сите од селото Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од полицијата информираат дека тие за време на полициски час се забавувале и запалиле оган на улица на главниот пат с.Слатино – Тетово.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Таксист во Тетово нападнат по расправија за првенство на минување

Објавено пред

Четириесет и седумгодишен тетовец во полицијата пријавил дека бил физички нападнат од едно лице.

Според пријавеното, додека бил на работа како такси возач, на регионалниот пат Тетово-Желино, пред седиштето на такси компанијата, лицето физички го нападнало, откако претходно го следело со возилото од кружниот тек од булевар „Маршал Тито“ и булевар „Видое Смилевски Бато“, каде што имале недоразбирање околу првенство на минување.

Исто така, според пријавеното, лицето извадило и пиштол и му се заканило на таксистот, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата кои учествувале на...

Македонија26 минути

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјава е регистрирана првата смрт на здравстветен работник, како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски...

Македонија2 часа

МВР набавува ремени за 300.000 евра, а во Полициската станица Танушевци нема струја и вода

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена без вода, алармира денес...

Македонија2 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија2 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија4 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија4 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија4 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион4 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија19 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа19 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа22 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион23 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија23 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија24 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија1 ден

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија1 ден

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија1 ден

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Досие