Црна хроника
Неготинци обвинети за лихварство, давале пари на заем со камата и до 300 отсто

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд во Неготино достави обвинителен предлог против три лица за продолжени кривични дела – лихварство и самовластие, како и против мајката на еден од обвинетите, која им помогнала да ги прикријат кривичните дела.
Двајца 24-годишници од Неготино, во временскиот период од почетокот на 2019 година до 12.8.2021 година, по заеднички договор и со заеднички вложени средства и поделба на добивка, неовластено се занимавале со давање пари на заем со писмени и усни договори притоа договарајќи и остварувајќи несразмерна имотна корист за себе.
Во наведениот период тие на тој начин оштетиле најмалку осум лица, на кои им позајмувале парични средства со обврска долгот да го враќаат со камата што се движела до 300 % на годишно ниво.
Во повеќе наврати, искористувајќи исти услови и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на оштетените, обвинетите презеле дејства со намера самовласно да прибават право што сметале дека им припаѓа по основ на каматите за дадените заеми.
Во тоа им помагал и третообвинетиот на возраст од 22 години. До оштетените испраќале пораки со сериозни закани за живот, им се заканувале со пиштол, вршеле физичко насилство и на друг начин се обидувале да ги принудат да ги вратат заемите.
Третиот обвинет ја искористил и можноста што вршел превоз на патници со комбе за Германија, па ги фотокопирал нивните лични карти, кои понатаму им ги ставал на располагање на двајцата првообвинети за да обезбедат телефонски броеви со лажни имиња преку кои ги упатувале заканите до оштетените.
Четвртата обвинета, мајка на еден од првообвинетите, се обидела да ги прикрие парите за кои знаела дека се прибавени со кривично дело лихварство.
На 13 август 2021 година, по извршен претрес во нивниот дом и лишување на син ѝ од слобода, обвинетата веднаш отишла во банка и од сметката на синот ги подигнала сите пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Почина затвореник во штипскиот затвор

На 06.08.2022 во 11.29 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот починало осуденото лице Е.М.(33) од Кочани.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Струмичанец со остар предмет ја нападнал сопругата и го повредил малолетниот син

На 07.08.2022 во 04.10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(35) од Струмица затоа што околу 01.00 часот ја нападнал неговата сопруга со остар предмет, при што го повредил и нивниот малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.
Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.
Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.