Контакт

Црна хроника

Обвинение за дваесет лица во предметот „Чичек“

Објавено пред

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја спроведува од февруари годинава против 21 лице, надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против 20 лица. Едно осомничено лице е недостапно за органите на прогонот и за него истражната постапката е запрена до негово пронаоѓање. Деветнаесет лица се товарат дека сториле кривично дело организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти и кривично дело  криумчарење мигранти, а едно лице е обвинето дека со умисла помогнало на организираната група во вршење на кривичното дело криумчарење мигранти.

„Во мај минатата година, тројца од обвинетите создале и организирале криминална група за криумчарење мигранти на која се придружиле и останатите обвинети лица. Во периодот од мај 2018 година до февруари 2019 година групата организирала криумчарење на илегални мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак и Бангладеш.
Организаторите на криминалната група во нашата држава заедно со организатори на криминална група во Р Грција го договарале бројот на илегалните мигранти што треба да бидат пренесени од Р Грција на македонска територија, времето и местото на преносот. Тие ги определувале бројот и видот на возилата што ќе бидат употребени за прифаќањето и превозот на мигрантите, распоредот, односно редоследот на движење на возилaта во двата правци, вршеле поделба на задачите на секој член од групата и го определувале начинот на меѓусебна комуникација.

Мигрантите, најнапред со помош на водичи т.н. „качаци“, како предводници на групата, илегално, пеш преку т.н. „зелена граница“ биле пренесувани од Р Грција до договорена локација во околината на Гевгелија, Богданци, Дојран, Струмица и Радовиш. Таму други членови на групата со патнички и товарни моторни возила ги преземале и се упатувале кон Кумановско-липковскиот Регион. При превезувањето, дел од членовите имале улога на т.н. „чистачи“ и преку „телефонска конференциска врска“, ги известувале возачите за поставеноста на полициски патроли на рутата по која се движеле возилата и им давале насоки да го сменат правецот на движење кон некоја од претходно извидените попатни локации. Мигрантите биле времено сместувани и засолнувани, во објекти на соработниците на криминалната група во с.Ваксинце и с.Лојане, а потоа преку македонско-српската граница заминувале на територијата на Р Србија од каде биле криумчарени кон државите на Европската Унија.

Еден од организаторите остварувал контакти и средби со обвинетиот полициски службеник од кој добивал известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, информации дали криминалната група е предмет на истрага, како и насоки за прикривање на криминалното делување. За помошта полицискиот службеник добивал паричен надомест во износ од 200 евра по возило. За криумчарењето преку македонската територија главните организатори наплаќале од 150 евра до 300 евра по лице – илегален мигрант, кои парични средства понатаму биле распоредувани на членовите на криминалната група во зависност од нивната улога во извршениот транспорт“, се вели во соопштението на обвинителството.

Воедно со обвинителниот акт, надлежниот обвинител достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за девет обвинети лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Пожар во манастирскиот комплекс во Лешок

Објавено пред

Изутринава во 2.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во просторија од Манастирскиот комплекс во селото Лешок, Тетовско, при што бил опожарен ситен инвентар. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово, а увид е извршен, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Полицијата трага по 88-годишен скопјанец

Објавено пред

Полицијата трага по 88-годишен скопјанец кој го напуштил домот и заминал во непознат правец. Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, Р.Е.(45) од Скопје, пријавил дека неговиот татко И.Е.(88) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, по претходна семејна расправија, се оддалечил од својот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбена 68-годишна жена во Скопје

Објавено пред

Вчера во во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ на Д.T.(68) од Скопје едно лице со закана ѝ одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Екологија9 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет9 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа11 час

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет12 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија14 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет16 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет16 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија17 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион18 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа19 часа

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија20 часа

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа1 ден

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија1 ден

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа1 ден

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ2 дена

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ2 дена

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ2 дена

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт2 дена

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија2 дена

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Досие