Контакт

Топ

Обвинение за жител на Бојане кој пукал со пиштол и автоматска пушка кон соселани

Објавено пред

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против лице кое на 14  септември во скопското село Бојане пукало со автоматска пушка и полуавтоматски пиштол, кои ги поседувал без дозвола, притоа предизвикувајќи опасност по животот на неколку лица кои во тој момент се наоѓале во близина на селскиот бунар.

Како што се наведува во соопштението, обвинетиот најпрво почнал вербална и физичка расправија со едно лице.

По ова, со полуавтоматски пиштол „застава М57“ со калибар од 7,62 х 25 милиметри, кој го поседувал без дозвола, обвинетиот испукал неколку куршуми кон продавницата пред која седеле неговите соселани.

Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „застава М70Б1“ со калибар 7,62 х 39 милиметри, оружје кое им е забрането на граѓаните. Во дворот тој испукал неколку куршуми во воздух.

Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.

Човекот се товари дека извршил кривични дела предизвикување општа опасност, како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Ценејќи дека законските основи поради кои на лицето првично му беше определена мерка притвор и натаму постојат, надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Лидерите пристигнаа на средба кај Пендаровски

Објавено пред

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба.

Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако земјата не доби датум за започнување преговори со ЕУ.

Како што најави и премиерот Зоран Заев, во фокусот на лидерската средба ќе биде организирањето на предвремените парламентарни избори.

Покрај лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на средбата пристигнаа и лидерите на партиите од албанскиот политички блок. Беса и ДУИ веќе побараа предвремени избори, а ваквата одлука на премиерот ја поздравија и од Алијансата за Албанците.

По завршувањето на лидерската, за вечерва во 20 часот закажана е и средба на премиерот Заев со помалите коалициски партнери.

Прикажи повеќе...

Топ

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Објавено пред

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл по улицата „Скупи“.

Како што соопшти полицијата, случајот го пријавила мајката која е од Скопје.

МВР јави дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“ во текстот под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев“.

„Невистинитите и непроверените факти во текстот освен како моментална сензација за непознавачите на состојбите во нашата држава, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во неколку наврати укажа дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни, што не е случај со објавениот текст.

Во текстот се наведува дека висок функционер на политичка партија, со носечка функција во Собранието на РС Македонија е во куќен притвор. Точно е дека со новоотворената истражна постапка е опфатен и овој функционер, но за него по предлог на обвинителството се изречени алтернативни мерки за обезбедување, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште и јавување во судот еднаш неделно.

Понатаму во текстот се вели дека од Управата за финансиско разузнавање е добиена потврда за фактот дека врз база на сомнение за незаконски дејствија во ноември 2018 година е замрзнато плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на физичко лице поврзано со хуманитарна организација против која обвинителството води истражна постапка. Во продолжение е истакнато дека без ниту една дополнителна истражна активност парите биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа по наредба на сегашниот Основен јавен обвинител Вилма Русковска“ се наведува во демантот на обвинителството..

Во однос на ова, обвинителството цени дека јавноста треба да го има предвид фактот дека Управата за финансиско разузнавање кон крајот на 2017 година до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави иницијатива за сомнителни трансакции во износ од 719.000 евра.

„По оваа иницијатива постапуваше надлежен обвинител и донесе Наредба за замрзнување на средствата, како и наредба по која постапуваше Управата за финансиска полиција. По добиените известувања од Управата за финансиска полиција дека нема основи за сомневање за извршената трансакција, на 12.4.2018 година средствата беа одмрзнати и според наши сознанија подигнати наредниот ден (13.4.2018 година). Советот на јавни обвинители на 14.11.2018 година, седум месеци по подигнувањето на средствата, Вилма Русковска ја избра за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителот што се споменува во текстот е дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и негова должност и обврска е да соработува и одговара како пред Основниот јавен обвинител, така и пред Јавниот обвинител на РС Македонија. Наводите изнесени во текстот на „Ла Верита“ за наводно негово сведочење пред Јавниот обвинител не ја отсликуваат вистината.

Водејќи се од големиот интерес на јавноста, но и од сензитивноста на предметите, особено оние што се водат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да наштетат на истрагите, а на јавноста ќе и овозможат да има реална слика за текот на постапките. Со објавување на ваков вид на текстови и тоа во странски медиуми се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапките.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите непроверени информации со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството професионално и неселективно да ја врши својата уставно определена надлежност и да и застане на патот на корупцијата“ стои во демантот.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Лидерите пристигнаа на средба кај Пендаровски

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба. Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако...

Топ2 часа

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија5 часа

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија5 часа

Лидерска средба без меѓународен фактор за првпат од независноста

Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од...

Македонија6 часа

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија6 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет8 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет8 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет8 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија8 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет9 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет9 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет22 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет1 ден

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет1 ден

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ1 ден

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија1 ден

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Досие