Црна хроника
Обвинение за разбојник што украл златен накит и пари од три жени во Скопје

Скопското Основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против едно лице за продолжено кривично дело тешка кражба.
Искористувајќи слични околности, тој во текот на септември сторил повеќе дејства кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело.
На 26 септември, на улицата Алжирска, од една оштетена одзел женска чанта во која имало паричник со пари и други предмети во вкупна вредност од 36.200 денари. Обвинетиот влегол во домот на оштетената низ влезната врата, ја турнал, ѝ ја одзел чантата и избегал.
Истиот ден, на пешачката патека на улицата Теодосиј Гологанов, обвинетиот на дрзок начин одзел две синџирчиња од една оштетена – златно синџирче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно синџирче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување на патеката тој со раката насилно ѝ ги грабнал синџирчињата што оштетената ги носела околу вратот и избегал.
На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот Партизански одреди, обвинетиот на дрзок начин одзел златно синџирче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.
Јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.