Црна хроника
Обид за силување во Штип
Вчера во 22.00 часот во СВР Штип, 30 – годишна жена од штипско пријавила дека на 05.10.2024 пред влезот во Штип, едно лице со закана се обидело да изврши обљуба врз неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
77-годишен скопјанец кој играл игри на среќа бил нападнат од обезбедувањето
Маж на 77-годишна возраст од Скопје, со иницијали Г.Г., бил физички нападнат од вработени во обезбедувањето на едно од казината во центарот на градот.
Инцидентот се случил на 1 ноември околу 19:30 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 5 ноември во 13:05 часот.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведени рибокрадци во Охрид, следува соодветна пријава
Околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.
Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица.
Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Обрале 300 килограми грозје од туѓо лозје: кривична за четири лица од Кавадарци
ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 41-годишната С.В, Н.В.(43) и Р.В.24), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против З.К.(64) од Кавадарци поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело по член 235 став 1 во врска со член 23 до Кривичниот законик.
На 14.09.2024, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, кавадаречко, сопственост на 54-годишната Л.Р. од Кавадарци.
Притоа, во возило комби „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано покрај насадот, и во редовите од насадот биле пронајдени 11 вреќи полни со грозје со вкупна тежина од околу 300 килограми. З.К. го сторил делото на тој начин што го поттикнал Н.В. да го изврши.
Имено, тие се сретнале на 13.09.2024 во вечерните часови се сретнале, при што му рекол да оди на тој лозов насад и да го обере грозјето.