Црна хроника
Ограбена обложувалница во Тетово

Двајца од кои едниот маскиран ограбиле обложувалница во Тетово под закана со пиштол, соопшти полицијата.
Во четвртокот околу 22.45 часот во Тетово на ул. „Маршал Тито“ во спортска обложувалница две непознати лица, од кои едното маскирано, извршиле разбојништво над вработениот.
Сторителите пред настанот биле во обложувалницата и гледале фудбал, а по затворањето излегле надвор. После пет минути се вратиле и со закана со пиштол одзеле неутврдена сума на пари, по што побегнале од местото.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Прилеп, приведен дилер на дрога

Вчера полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода 26-годишниот С.Л. од Прилеп, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом на ул. “Гостиварска” во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението Cannabis, шеснаесет опаковки со бела грутчеста материја, дваесет опаковки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР.
Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Топ
Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Вчера околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје на подрачје на скопската населба Автокоманда го лишија од слобода Д.Т. од Скопје. Со употреба на службено куче од Единицата за службени кучиња во две подрумски простории во зграда во Автокоманда што ги користел Д.Т. била детектирана дрога, извести МВР.
– Пронајдени се пет пакувања марихуана со вкупна количина од околу еден килограм и една тегла во која имало околу 100 грама амфетамин, како и дигитална вага и опрема за изготвување мали паковки за улична продажба, соопшти МВР.
По документирање на случајот, до налдежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.
Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.