Црна хроника
Ограбена обложувалница „Спорт Лајф“
Двајца разбојници со закана со пиштол во саботата вечер ја ограбиле спортската обложувалница„Спорт Лајф“, лоцирана на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“, во Топанско Поле.
Вработен во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, лоцирана на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ пријавил дека две засега непознати маскирани лица го скршиле шалтерското стакло и со закана со пиштол им наредиле на вработените дневниот промет да го стават во кеса, по што напуштиле лице место одземајќи засега неутврдена сума на пари.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг.
Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено зрно од оружје на тераса на Бит Пазар
Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од пат, повредени лица од Богданци и Гевгелија
На локалниот пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, доцна вечерта се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ауди“ излетало надвор од патот.
Несреќата била пријавена на 12 април во 23:00 часот, а возилото било управувано од К.Д. (28) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д. (27) од Богданци, додека со телесни повреди се здобил сопатникот М.С. (25) од Гевгелија.
Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија.
