Црна хроника
Ограбени пошта и обложувалница

Во два одделни грабежи во Скопје и во Битола, ограбени се пошта и обложувалница, при што крадците го однеле дневниот промет и се ‘збогатиле’ за повеќе од 100.000 денари.
Во вторникот во 12.50 часот во Скопје на ул.„Гоце Стојчевски“ поточно во филијала на „Македонски пошти“ едно непознато лице со закана со огнено оружје од вработената го одзел прометот и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.
Во Битола пак, утрово во 5.15 часот на ул.„Климент Охридски“,во казино „Слот“ две непознати лица маскирани и вооружени со пушка, извршиле разбојништво над вработената, одзеле сума на пари од околу 100.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 220 возачи во Скопје: 92 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 92 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
Млади скопјани со електрошок украле чанта, со платежната картичка во неа „пазареле“ на бензинска

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици.
При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошок и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фатен е разбојникот кој украде уметнички слики од „Матица ексклузив“

Рано утринава, во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.
Според информациите на полиција, „тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото. Притоа кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба“ пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики“.
Инаку, на наведената адреса пред два дена беше пријавено дека од Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ биле украдени 16 ретки дела од познатиот уметник Павле Кузманоски од Тетово.
Од МВР информираа дека лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.