Контакт

Црна хроника

Одземени речиси 1.000 парчиња петарди и ракети од продавница во Тетово

Објавено пред

Полициски службеници вчера пред продажен објект на ул. Маршал Тито во Тетово, пронашле и одзеле 985 парчиња разновидни пиротехнички средства, петарди и ракети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Отворена истрага за обид за убиство во селото Арнакија

Објавено пред

Скопското Обвинителство отвори истрага против едно лице за обид за убиство во селото Арнакија.

На 30 август минатата година осомничениот пред кафе-бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да убие едно лице. Според информациите од Обвинителството, тој заедно со уште едно лице застанал со автомобил „фолксваген голф“ на автобуската станица во селото и почнале вербална расправија со трето лице, кој е сведок во истрагата.

Двајцата излегле од возилото држејќи пиштоли во рацете по што сведокот почнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата повикувајќи ги да застанат. На ова осомничениот испукал кон него 3-4 проектили од пиштолот и му нанел три огнострелни повреди.

Повредениот почнал да бега, а осомничениот се впуштил кон него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди. Кога на местото се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.

Бидејќи постојат околности што упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши кривичното дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор.​

Прикажи повеќе...

Топ

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил марихуана со вкупна нето-маса од 123 грама, која ја чувал во куќата на својот дедо. Дрогата ја препакувал во 23 помали полиетиленски пакувања со намера да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

Јавен обвинител до судот поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нападнат од насилници пред сопствениот дом

Објавено пред

Скопјанец во четвртокот бил нападнат од две лица пред својата куќа на улицата Борис Трајковски.  Од полицијата потврдуваат дека лицето било физички нападнато со тврд предмет, а скопјанецот рекол дека напаѓачите биле лица што ги познавал од претходно и со кои веќе имал проблеми.

По настанот, лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Македонија12 часа

Вооружените крадци од НЛБ банка украле 8.700 евра

Вооружените крадци што утринава влегоа во експозитура на НЛБ банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката. Од...

Топ13 часа

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија15 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија15 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата16 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Регион20 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ20 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет20 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија21 час

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија21 час

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет22 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион23 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет23 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет23 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион23 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет2 дена

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија2 дена

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа2 дена

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ2 дена

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Досие