Црна хроника
Опожарени три возила во Скопје
Денеска во 03.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на улицата „Никола Парапунов“ со улицата „Илинденска“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 46-годишниот С.С. од Скопје, извести МВР.
– Од пожарот делумно биле опожарени и патничко возило „мазда“, сопственост на Н.П.(43) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, сопственост на З.Р.(62) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три малолетни момчиња нападнале 60-годишен велешанец на автобуска во Гази Баба
„Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, Н.М.(59) од Велес пријавил дека околу 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од тројца малолетници“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјани ги нападнале сопругата, мајката, бабата, беровец татка си – нови случаи на семејно насилство
Полицијата обелодени нови случаи на семејно насилство што се случиле во изминатото деноноќие, од кои два на територијата на Скопје и еден во Берово.
„Денеска (11.12.2024) во СВР Скопје, 44-годишна жена пријавила дека на 10.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ќ., кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје, затоа тоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и баба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.11.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел телесна повреда“, се наведува во информацијата од МВР.
Црна хроника
На Бит Пазар приведено дете со нож
Синоќа на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.