Црна хроника
Осуденик од Скопје превезувал мигранти
Скопјанец кој бил осуден на затворска казна е уапсен при превоз на мигранти од Пакистан.
Според информациите од МВР, вчера во 0 часот на автопатот кај Смоквица полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „фолксваген“ со швајцарски национални ознаки. Возилото не застанало туку продолжило со движење по автопатот од Гевгелија кон Скопје.
По клучката за село Миравци возилото било пронајдено, а возачот побегнал. Во возилото биле пронајдени 13 мигранти, сите од Пакистан. При пребарување на теренот бил пронајден и возачот и било утврдено дека се работи за лицето Ф.И. (36) од Скопје.
Бидејќи го барале за издржување на казна затвор, тој ќе биде спроведен во затворот „Идризово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.