Контакт

Црна хроника

Осуммина обвинети за основање на терористичка ќелија, складирале оружје и набљудувале објекти

Објавено пред

Обвинителството поднесе обвинителен акт против осумина граѓани, кои по примерот на ИСИС формирале терористичка организација односно ќелија.

Организацијата била формирана во 2019 година, а членовите прибирале оружје. Од обвинителството не откриваат дали и кои им биле целите за напад во земјава.

По проведена сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против петмина жители на Куманово и тројца скопјани, се наведува во соопштението.

Според дејствијата опишани во обвинителниот акт, Б.Г.(28), Р.А.(31), С.И(31), А.С.(21) и Ј.К.(25) сториле кривично дело – терористичка организација, а обвинетиот Б.Ф. (33) сторил едно кривично дело – терористичка организација и едно кривично дело – служба во непријателска војска, Д.А. (21) е обвинет дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, исто како и обвинетиот И.М.(23).

„​Во периодот од 2019 и 2020 година, на територијата на нашата земја, обвинетите Б.Ф., Б.Г., Р.А., С.И., А.С. и Ј.К., станале припадници на злосторничка организација – терористичка организација ќелија со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС, создадена во почетокот на 2019 година од страна на претходно обвинетиот Б.А. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација – терористичка група, секој од нејзините членови имал конкретни задачи, па така обвинетите Б.Ф. и Б.Г. добивале конкретни задачи од обвинетиот Б.А., при што му обезбедувале логистичка поддршка и имале задача, заедно со уште тројца претходно обвинети, да обезбедат патничко моторно возило со кое ќе го пренесуваат и објекти во кои ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема, да изработуваат импровизирани експлозивни направи, собирале информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетите Р.А., С.И. и А.С., како припадници на групата учествувале и во активности на собирање и обезбедување на информации од значење за целите на терористичката група и вршеле опсервирање на објекти и локации“, посочуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Обвинетиот Ј.К. пак, вршел собирање, едитирање и титлување на преводи, од арапски на албански јазик, на видеа од боиштата во Сирија и Ирак и од извршените терористички напади во Франција и Шпанија, како и снимки во кои се прикажува начинот на изработка на експлозивни направи, на извршување напад врз лица, на безбедно користење на интернет апликации за комуникација и снимки со обезглавување на жртвите на ИСИС/Исламска држава, со што овозможил пристап на поголем број на луѓе до ваквите радикални содржини.

Врз основа на доказите прибавени во истрагата, обвинителството дошло до сознанија дека обвинетиот Б.Ф., како македонски државјанин, во периодот од 4 мај до 2 јуни 2014 година, за време на вооружен судир активно учествувал во активностите на Исламска држава, каде во евиденциите на ИСИС е заведен како борец.

Воедно, обвинителството утврдило дека во текот на 2020 година во Куманово, обвинетиот Д.А. неовластено држел оружје – пиштол марка „застава“ со калибар 7,62 милиметри, што неовластено го продал на претходно обвинетиот В.А., а во истиот период во Табановце, обвинетиот И.М. неовластено држел автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри, автоматски пиштол „Шкорпион“ со калибар 7,65 милиметри, кое оружје им е забрането на граѓаните и огнено оружје – марка „застава“ со калибар 7,62 милиметри.

Имајќи ги предвид мотивот за сторувањето на делата, односно создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните, како и тоа дека се уште постојат околности врз основа на кои била определена и продолжувана мерката притвор, а особено фактот дека постои опасност обвинетите доколку останат да се бранат од слобода да ги повторат кривичните дела што им се ставаат на товар, предметниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје доставил посебен предлог.

Во него заради обезбедување на присуство на обвинетите и непречено водење на кривичната постапка, се предлага мерката притвор спрема шестмина обвинети да биде продолжена, додека за двајца обвинети е предложено поблага мерка – куќен притвор.

Црна хроника

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци

Објавено пред

Жена од Тетово украла од својот сопруг 400.000 швајцарски франци, против неа е поднесена кривична пријава.

Според информациите на МВР, полицијата до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против А. Х. (65) од Мала Речица и нејзиниот брат С. С. (56) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

„Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А. Х. му помагала на својот брат С. С. да украде 400.000 швајцарски франци од А. Џ. (80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг, и да избега во Босна и Херцеговина. По пријава на случајот во полиција, А. Х. исто така заминала во Босна и Херцеговина и од својот брат ја одзела комплетната сума по што заминала во Швајцарија“, се наведува во полицискиот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца малолетници избодени со нож во Чаир

Објавено пред

Двајца малолетници со убодни рани од нож вчера биле примени во поранешната градска болница во Скопје.

Според информациите на МВР, околу 21.25 часот во полиција од хируршката болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.

Во разговор со полициски службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ресенец загина во сообраќајна несреќа, со автомобил излетал од патот

Објавено пред

Четириесет и шестгодишен ресенец загина во сообраќајна несреќа кога со автомобил излетал од патот.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат Ресен – с. Царев Двор, после клучката за с. Горно Дупени, кога возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е. С. (46) од Ресен, излетало од коловозот.

Возачот починал на местото на несреќата. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет12 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија14 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија15 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија16 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија16 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија17 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија18 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија18 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија18 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија19 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет20 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет21 час

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија22 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија2 дена

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ2 дена

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет2 дена

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен2 дена

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија2 дена

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија2 дена

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Досие