Контакт

Црна хроника

Го уценувал дека ќе објави недолични фотографии од неговите ќерки ако не плати 5.000 евра

Објавено пред

Охриѓанец уценувал сограѓанин дека ќе објави недолични фотографии од неговите ќерки ако не му даде 5.000 евра.

МВР соопшти дека вчера С.Д. од Охрид пријавил во полиција кривично дело уцена. Според пријавата, ноќеска на полноќ на С.Д. телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде 5.000 евра или во спротивно ќе објави недолични работи за неговите ќерки по што пријавителот му исклучил. По половина час, пријавителот добил неколку СМС-пораки со заканувачка содржина и фотографии по што лицето С.И. повторно му се јавил на пријавителот. Од полицијата велат дека за настанот е известен јавен обвинител.

Црна хроника

Кривична за Митко Јанчев и уште тројца други за злоупотреба на службата

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.Ч. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, потоа против  37-годишниот M.Ј. поради постоење основи на сомнение за  сторени кривични дела „фалсификување исправа“  и  „злоупотреба на службената положба и овластување“,  како и против 63-годишниот нотар К.Г. и М.М. 63 години, вработен во МВР на РМ-Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „несовесно работење во службата“, соопштија од полицијата, во чие соопштение се додава дека сите осомничени лица се од Кавадарци.

„Во периодот од 16.01.2015 до 01.09.2016 година првопријавениот, вработен во ‘Кожувчанка’ ДОО- Кавадарци, изготвил лажен договор за купопродажба на возило за чистење  снег и посипување со сол ‘UNIMOG U1400’, во кој истиот бил наведен како купувач, по што ваквиот договор го употребил при постапка за идентификација на патничкото возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Второпријавениот, пак, како управител на ‘Кожувчанка’ ДОО и ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ – Кавадарци, и покрај тоа што знаел дека наведеното возило било сопственост на ‘Кожувчанка’ ДОО, со првопријавениот, склучил договор за купопродажба на наведеното возило, во кој како продавач бил наведен првопријавениот, а како купувал било наведено правното лице ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ. Третопријавениот, како нотар, и покрај тоа што не му бил приложен оригинален договор за купопродажба на наведеното возило, ја заверил копијата од лажниот договор за купопродажба изготвен од страна на првопријавениот, по што го заверил и договорот за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот, како продавач и ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ, како купувач. Четвртопријавениот, како вработен во МВР – Одделение за управни работи – Кавадарци, издал согласност на ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ за регистрација нанаведеното возилото, без да изврши увид во царинската декларација за наведеното возило, во која како увозник и сопственик била наведена фирмата ‘Кожувчанка’” ДОО“, појаснуваат од  полицијата во нивното соопштение.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдени 40 пакувања со прашеста материја во патика на затвореник во КПУ „Идризово“

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден во Казнено-поправната установа „Идризово“ при извршен претрес на 27 -годишниот Е.Љ. од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 пакувања со прашеста материја и истите му биле одземени, соопшти МВР.

Од полицијата наведуваат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава против поранешен вработен во битолскиот Центар за управување со кризи

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против 26-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниии и прекурсори“, велат од полицијата.

Од МВР во соопштението се наведува дека 9 ноември минтата година во Битола во просториите на регионалниот Центар за управување со кризи, од страна на полициски службеници, при претрес во работната просторија на пријавениот била пронајдена и одземена дигитална вага со траги од непозната растителна материја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Почна седницата за уставни измени, дојдоа Мукоски и Василевски

Седницата за уставни измени која требаше да почне во 21 часот, почна, со задоцнување од еден час. Во салата се...

Македонија21 минута

Доцни седницата за уставни измени

Седницата за уставни измени која требаше да почне во 21 часот, доцни еден час. Првично седницата требаше да почне во...

Македонија3 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија7 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија8 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Крвав четврток9 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија9 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија11 час

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија11 час

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија11 час

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија11 час

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија11 час

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа12 часа

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија12 часа

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион13 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија15 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Досие