Контакт

Црна хроника

Охриѓанец си го претепал малолетниот син

Објавено пред

Против 52-годишниот Б. С. од охридското село Лескоец поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и неизвршување судска одлука.

Тој на 17 декември во семејниот дом, не почитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал својот малолетен син, информираат од полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 10 февруари во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во Штип искршена таблата на Агенцијата за вработување

Објавено пред

Во штипската полиција вчера (24 февруари) било пријавено дека непознат сторител ја извадил и оштетил таблата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Штип.

Според пријавеното, вандализмот се случил меѓу 21 и 24 февруари на штипската улица Гоце Делчев.

Полицијата извршила увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Деканот на Ветеринарниот факултет во Битола незаконски се унапредил себеси и свој колега

Објавено пред

Битолската полиција поднесе кривична пријава против Г.Ж. (60), декан на Ветеринарниот факултет во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираат од МВР, пријавениот во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на колега од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Регион31 минута

Потврден и вториот случај на коронавирус во Хрватска

Хрватскиот министер Вили Берос го потврди и вториот случај на коронавирус во Хрватска. Инфициран е и братот на еден млад...

Македонија48 минути

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за...

Спорт11 час

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија13 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија13 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија17 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија17 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија19 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион20 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија21 час

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно23 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија23 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион23 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт1 ден

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија1 ден

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет1 ден

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет1 ден

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт1 ден

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Досие