Црна хроника
Охриѓанец се обидел со возило да влезе во казино

Четириесет и едногодишниот К.Р. од Охрид, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на улицата Партизанска.
МВР соопшти дека настанот се случил на 1 септември, 20 минути по полноќ.
Против лицето поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млада велосипедистка тешко повредена во сообраќајна несреќа во Скопје

На крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во утринските часови на 16 февруари се случила сообраќајна несреќа, во која тешко повредена е 25-годишна велосипедистка.
Како што информираат од МВР, автомобил „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен возач, удил во 25-годишна девојка која била на велосипед.
Девојката се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Полицијата извршилa увид на местото на настанот.
Црна хроника
Пријавен пожар во канцеларија на американската амбасада

Во канцеларија вo американската амбасадата во Скопје во попладневните часови на 15 февруари избувнал пожар.
Како што информираат од МВР, случајот во полиција бил пријавен околу 17:30 часот.
Полициски службеници и противпожарна екипа излегле на местото на настанот, но вработените рекле дека веќе не постои потреба од интервенција.
Црна хроника
Две штали изгореа во пожар во Виница

Две штали изгореа во пожар во Виница. Според полицијата вчера во 14,05 часот во Полициска станица Виница, Р.Ѓ. од Виница, пријавил пожар на штали на место викано „Горица“ на влезот од Виница, сопственост на Г.Е.(32) од Виница.
Биле опожарени две штали во кои изгореле слама, пченка, девет грла добиток, тракторска приколица и друго. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Виница. Извршен е увид.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал