Контакт

Црна хроника

Обвинителство истражува недозволено тргување со алкохол

Објавено пред

Во координација со Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден откриена е поголема количина алкохол во правно лице во Кавадарци. По спроведување на акцијата најдени се над 9000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или 1 литар, кои немаат маркица за акцизи.

Управителот на правното лице, каде што се пронајдени шишињата алкохол, е лишен од слобода за да се испита и да се приберат информации за пронајдената стока.

Акцијата продолжува и во Винарската визба „Поварадарие“, каде според првичните информации пронајдена е поголема количина на жолта лозова ракија, без етикети со бандероли, со назнаки за продажба преку фирмата „Вино Жупа“ од Република Србија, која е сопственик на Винарската визба „Повардарие“ од Неготино.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде насоки и наредби за прибирање на податоци и потребна документација во предметот. Се преземаат и други дејствија со цел утврдување на фактите.

Црна хроника

Дваесет и петгодишен маж осомничен за силување

Објавено пред

Од

Против дваесет и петгодишен маж од селото Сачево поднесена е кривична пријава поради сомнеж дека извршил силување.

„На 22.9.2017 година, околу 00.10 часот во Струмица, пријавениот со употреба на физичка сила извршил полови дејства над Д.С.“, соопшти МВР за овој случај.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведена жена што на осуденик му носела хероин во затвор

Објавено пред

Од

Во Казнено-поправната установа „Затвор Штип“, при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај осуденик, биле пронајдени две најлонски пакувања со хероин, кои биле ставени во кутија од цигари.

Лицето било приведено во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка пред кафуле во Скопје

Објавено пред

Од

Две лица се степале синоќа пред кафуле во Скопје.

„Пред кафе-бар на булеварот 8 Септември бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата К.К. (29) и Д.А. (38)“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата...

Македонија6 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија7 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија11 час

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија13 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија14 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија14 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија15 часа

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија16 часа

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија16 часа

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика16 часа

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија17 часа

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Македонија17 часа

Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил по објавувањето на фотографиите од Преспа...

Свет18 часа

Mинибус влета во посетителите на концерт во Холандија

Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот...

Свет18 часа

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја...

Македонија1 ден

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија1 ден

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Досие