Црна хроника
Петмина албански државјани повредени во сообраќајка на патот Струга – Ќафасан

Во ОВР Струга во вечерните часови на 17 мај било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса“ со албански национални ознаки, управуван од Л.Б. (23) од Република Албанија и автомобил „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управуван од Ј.Т. (38) од Република Албанија.
Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б. (39) и патник од „пасатот“, М.Ф. (38), сите од Република Албанија, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Со повреди се здобиле и Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б. (35) од Република Албанија, констатирани во медицинскиот центар Струга.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Безбедно лето: 66 санкции за мотоциклисти

Денеска (03.07.2022), на подрачјето на целата држава, а особено во шумските подрачја, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција при БЈБ во МВР, од сите Сектори за внатрешни работи и Одделот за гранична работи и миграции и Регионалните центри за гранични работи спроведоа контрола за почитување на забраната за движење од 06.00 до 20.00 часот во шумските подрачја воведена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и за прекршоците што ги прават мотоциклистите.
Притоа, биле констатирани 66 прекршоци, од кои 28 некористење заштитен шлем – кацига и 20 управување без возачка дозвола.
Исто така, 24 мотоциклисти биле исклучени од сообраќај, а биле одземени и четири мотоцикли.
Во рамки на контролите биле одземени едно патничко и едно товарно возило на подрачјето на СВР Штип и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Во рамки на контролата биле откриени и 191 останати прекршоци.
Црна хроника
Му се слошило додека пешачел и починал

Полицијата информира дека на 02.07.2022 околу 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека В.С.(54) од Скопје, додека пешачел во с.Вртекица, скопско, му се слошило и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Црна хроника
Го зел возилото да го проба пред да го купи, па побегнал со него

Во полицискиот билтен МВР сподели информација дека на 02.07.2022 во 19.30 часот во СВР Велес, жена од Велес пријавила дека била измамена од А.Ј. од Штип за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, тие се договориле А.Ј. да го купи нејзиното возило „фиат“ за сума од 3.000 евра и откако дошол во Велес го зел да го проба и оттогаш не се вратил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.