Контакт

Топ

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

Објавено пред

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу автомобили „рено меган“ и „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, двата автомобила биле управувани до 22-годишници од Скопје кои при сообраќајката се здобиле со повреди.

Од ударот повредени се и сопатниците во „опел вектрата“ кои се на возраст од 19 односно 22 години, како и 20-годишна скопјанка која била сопатничка во возилото „рено меган“.

Повредените од „вектрата“ со брза помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека пак повредените од „меганот“ биле хоспитализирани во градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР-Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Објавено пред

Папата Франциск ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат повеќе од 400 новинари, од кои 200 странски и 200 домашни, информираа денеска од Министерството за надворешни работи, од каде на заедничка прес-конференција со премиерот Заев и бискупот Киро Стојановски порачаа дека има огромен интерес за посетата. Очекувањата се дека на плоштадот ќе присусутвуваат повеќе од 15 илјади граѓани, а ќе бидат обезбедени околу две илјади места за седење, како и пунктови за вода. Мисата ќе се одржува на италијански јазик, а ќе има и дел на хрватски како и на македонски јазик. Венриците кои ќе сакаат да присусутвуваат на плоштадот ќе треба да пристигнат најдоцна до 9 часот поради безбедносни причини, а мисата ќе започне во 11 .30 минути.

Папата со специјален лет пристигнува на скопскиот аеродром во 8 часот и 15 минути каде ќе биде пречекан со највисоки државни почести од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

„Можам да потврдам доколку временските услови дозволат предвидено е користење на специајлното голф возило или популарно наречено папа мобил“, изјави државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Според агендата, папата, во 9 часот ќе биде пречекан во Вила Водно кадеќе има обраќање и одвоени средби со Заев и Иванов и нивните семејства.

„Доаѓа во важен момент за нашата земја, кога демонстриравме подавање рака, пријателство, вредности кои допираат до вредностите на светите пораки. Оваа благопријатна посета е чест и од мене е сфатена како охрабрување да бидеме подобри луѓе да не охрабри дека доаѓаат подобри времиња…“ порача Заев за посетата на папата.

Попладне во католичката црква „ Пресвето срце исусуово “ папата ќе се сретне со свештениците , како и со грашани од ранливите категории а предводена е и средба со претставниците на верските заедници.

Папата Франциск доаѓа во време кога се одбележуваат 25 години дипломатски односи со Ватикан. Ова според бискупот Киро Стојановски е првата причина за посетата, додека втората причина е тоа што овде има мала, но сепак жива заедница на католички верници, па, како што нагласи бискупот, пастирот доаѓа да го посети своето стадо. Третата причина за посетата е Скопје, родниот град на Мајка Тереза.

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Објавено пред

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите.

На денешната седница на комисијата беше соопштено дека првиот случај се однесува на унапредувањето на Васко Ѓурчиновски во чин генерал-потполковник – генерал-мајрор. Според антикорупциската, претседателскиот указ бил донесен на 25 февруари 2019 година, при што при унапредувањето на овој старешина во повисок чин не било постапено според одредбите од Законот за служба во Армијата.

„Министерството за одбрана спроведува постапка за унапредување и дава предлог до претседателот на Републиката, што во случајот, како што е наведено во одговорот на Министерството за одбрана, не е доставен“, се наведува во предметот на антикорупциската.

Од таму додаваат и дека указот за унапредување е донесен по денот на распишување на изборите, 8 февруари 2019 година, период во кој според закон не може да се преземаат вакви дејства.

Исто така, на 25 февруари годинава претседателот со укази ги поставил Орце Јордев, Драган Ковачки и Бесник Емини на позиции во АРМ.

„Во сите три случаи се работи за поставување на старешнините на формациски места генерали по основ на кои, сметано од денот на донесувањето на указите од претседателот на Републиката и нивното извршување, на споменатите старешини ќе им се исплатува зголемена плата – повисока од редовните месечни плати што ги примале пред донесувањето и извршувањето на указите, дејство што е забрането во изборен период“, велат од антикорупциската комисија.

 

Прикажи повеќе...

Избори 2019

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Објавено пред

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив чистка, реконструкција, но од почетокот на распишување на изборите до завршување на изборите е забрането, рече премиерот Зоран Заев. Тој најави дека ќе почека по завршување на изборите, да ја спроведе најавената реконструкција и смена на некои од министрите и функционерите.

Заев не сакаше да открие кои ќе бидат првите министри што ќе бидат сменети.

Премиерот рече дека анализите покажале оти прашањето за името и договорот од Преспа не се причините зошто не се исполниле нивните очекувања за освоените гласови во првиот круг на претседателските избори и посочи на резултатите од референдумот, на кој 609 илјади луѓе гласале „за“ промена на името во Република Северна Македонија и ги спореди со гласовите на Гордана Силјановска-Давкова на изборите од 300.000.

„Граѓаните апстинираа преку седење дома, испратија порака на незадоволство од власта, но ако се откажале од нас, ќе дале поддршка за Силјановска. И Мицкоски е делегитимиран бидејќи и кај ВМРО-ДПМНЕ има намалување на гласовите“, рече Заев.

Во однос на вториот круг на изборите, Заев рече дека очекува опозоцијата да не бојкотира.

На прашањето дали очекува поголема поддршка од ДУИ во вториот дел од кампањата, Заев смета дека имаат право да ги очекуваат гласовите на сите помали етнички заедници, меѓу кои и на Албанците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциск ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија31 минута

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 20191 час

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ2 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија4 часа

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија4 часа

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија5 часа

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија6 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет6 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија20 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет1 ден

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија1 ден

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ1 ден

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ1 ден

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Досие