Црна хроника
Пет илјади евра украдени од сеф во „Ремедика“

Пет илјади евра биле украдени од сеф во болницата „Ремедика“. Од полицијата велат дека кражбата се случила утринава околу 9 и 10 часот и дека засега нема осомничен.
„Во 9:10 часот е пријавено дека во болница ‘Ремедика’ во Скопје од страна на непознато лице од сеф се одземени околу 300 000 денари“, велат од полицијата. Од таму додаваат дека увидот е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен крадец во Куманово, украл предмети вредни близу 20.000 евра

На 26.01.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(33) од Куманово.
Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.01.2023 со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот „Октомвриска револуција” во Куманово одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со пиштол решавал недоразбирања во сообраќајот

На 25.01.2023 во 14.00 часот во с. Батинци, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(57) од с. Цветово, Скопско, затоа што околу 11.45 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот на подрачје на Кисела Вода, му упатил закани со пиштол на А.К.(43) од Скопје.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања со вкупно 1,25 грам метамфетамин. Кога ги забележал полициските службеници, тој го запрел возилото на паркинг на улицата Њуделхиска и пеш се дал во бегство. Полицајците го следеле, па тој влегол во агенција за недвижности, a дрогата ја фрлил при влезот во објектот. Полициските службеници ја пронашле дрогата, а лицето го лишиле од слобода.
Во текот на постапката утврдено е основано сомнение дека истото лице на 6.10.2022 година во дом на улицата Радика во Скопје, каде што престојувал како потстанар, заради продажба држел 0,61 грам амфетамин, а истиот ден на сведок му продал 0,45 грама хероин.
Бидејќи постојат околности што упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото за кое и претходно веќе неколкупати е осудуван, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.