Контакт

Црна хроника

Поведена постапка за три лица што го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Објавено пред

Гостиварското Обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица што не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично-правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење. За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Во дворот пронашол неексплодирана граната од Првата светска војна

Објавено пред

Жител на селото Пашино Рувци од Кривогаштани при вршење на земјоделски работи во својот двор пронашол неексплодирана граната кал.75мм од Првата светска војна.

Експлозивната направа е подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Топ

Гром удрил во штала и ја запалил со се добитокот во неа

Објавено пред

На место викано „Стрчин“ вчера удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле.

Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Топ

МВР: 386 лица не носеле маски, а 154 не почитувале полициски час

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

Гром удрил во штала и ја запалил со се добитокот во неа

На место викано „Стрчин“ вчера удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата...

Македонија1 час

ДУИ ги повика сите албански партии и албански граѓани за избор на албански премиер

Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор се спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега...

Топ1 час

МВР: 386 лица не носеле маски, а 154 не почитувале полициски час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132...

Свет2 часа

Бразилската влада обвинета дека го крие точниот број на заболени од ковид-19

Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро дека го крие точниот број на починати од коронавирус....

Европа14 часа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите...

Европа14 часа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка...

Свет17 часа

Големи протести против расизмот се шират во светот

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Европа и Австралија, како и стотина во Токио и Сеул, за да ги поддржат...

Македонија20 часа

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија21 час

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија23 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион24 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет24 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет1 ден

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт1 ден

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија2 дена

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет2 дена

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија2 дена

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија2 дена

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија2 дена

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Досие