Црна хроника
Повредени двајца мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија – Скопје

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија – Скопје, кај тунел во близина на Демир Капија, каде се судриле автомобил „ауди“ и комбе.
На местото на незгодата полицијата пронашла 14 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, кои изјавиле дека се превезувале со автомобилот, а дека по незгодата возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот.
Во незгодата двајца мигранти се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицински центар Кавадарци за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукал со пиштол на Бит Пазар и нападнал едно лице, уапсен скопјанец

Денеска, од страна на Единица за насилен криминал-ОКСД при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против И.Р.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил неколку кривични дела, и тоа: „Предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по член 288, “Насилство” предвидено и казниво по член 386 и “Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Тој бил лишен од слобода непосредно по добиена пријава дека на 06.12.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Бит Пазар, од пиштол испукал неколку куршуми во воздух и физички го нападнал Е.А..
Исто така, при преглед во возилото „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми и уште една рамка со 17 куршуми.
На пријавениот И.Р. од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Осуденик бил нападнат од други затвореници во „Идризово“

26-годишне осуденик бил напданат од страна на други затвореници во „Идризово“.
Како што соопштија од полицијата, вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 05.12.2023 околу 08.30 часот, во полуотвореното одделение во установата, осуденикот Н.Д.(26) бил физички нападнат од повеќе други осудени лица.
Надлежните информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Малолетно девојче прегазено во скопски Аеродром, пренесено е во болница

Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром.
Девојчето е пренесено во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата.
Од МВР информираат дека увидот уште не е завршен и дека дополнителни информации ќе има по негово завршување.