Топ
Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, како инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган.
На обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки за обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од страна на населението во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти Сеизмолошката опсервација при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што се наведува, земјотресот бил регистриран од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60km југозападно од Скопје и со Рихтерова магнитуда ML2.9.
Свет
Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката Исламска држава.
Тој ќе одржи миса на отворено на последниот ден од првата посета на Папата на оваа југозападна азиска земја.
Ватикан се надева дека посетата ќе ги охрабри христијаните да останат во Ирак, и покрај децениските конфликти и нестабилност.
Папата испрати порака за меѓуверска толеранција до муслиманските лидери, вклучително и историска средба со ирачкиот шиитски верски водач, ајатолахот Али ал-Систани.
Мосул, градот во кој се наоѓа папата, беше сериозно оштетен за време на војната со Исламската држава, а поглаварот на Римокатоличката црква ќе се моли за сите жртви на војната во Ирак.
Македонија
Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија.
Пратката попладнево ќе ја пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
Како што информираа здравствените власти, вакцините кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.
„ Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје“, изјави министерот Филипче.
Тој најави дека очекува од среда да почне вакцинацијата, додавајќи дека се завршени сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.
Тој речеч дека се очекуваат 200.000 дози кинески вакцини од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „спутник В“, се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астразенека“ вкупно 2 200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“