Контакт

Црна хроника

Поднесено обвинение за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави обвинение против едно лице за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица „Христофор Жефаровиќ“ во Скопје на 11 јуни, полицијата пронајде 11,45 грама кокаин спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Осомничениот неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка CZ100 со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да избега или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Скопјани изградиле куќа во заштитена зона во Националниот парк „Галичица“

Објавено пред

Двајца скопјани изградиле куќа на државно земјиште во Трпејца во зоната на строга заштита, која е дел од Националниот парк „Галичица“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М. Х. (29) и М. Х. (25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

Според информациите од МВР, пријавените, на катастарска парцела на државно земјиште, лоцирана во населбата Трпејца во Охрид, во зоната на строга заштита, која е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект.

Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Опожарени три возила во Скопје

Објавено пред

Три автомобили вчера биле опожарени на улицата Отокар Кершовани во Скопје. Според пријавеното, 21-годишната А.А. од с.Мирковци, Скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата. Од пожарот биле зафатени уште две возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р.(44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С.(66), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Објавено пред

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од девојки од Македонија. Избришани се сите членови, откако администраторот на групата самиот се пријави во полиција, а две девојки го пријавија случајот. Членовите на групата бараа разголени фотографии од девојчиња, а бараа и фотографии од девојки со конкретни имиња и презимиња.

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д. К. од Скопје и на еден од администраторите на групата со иницијали М. П. од Скопје. Во текот на истрагата преостанува да се утврдат другите лица што имале администраторски и модераторски улоги во групата, информираше вчера полицијата.

МВР најави дека во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО, ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располагаат.  Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината што беше споделена во групата, со цел утврдување други нелегални активности и сторители, и тоа во согласност со Кривичниот законик. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“ презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата. МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, претходно информира дека засега утврдиле оти групата броела 8.000 члена, а биле откриени вкупно 800 фотографии и видеа, главно од „Фејсбук“, „Инстаграм“, но и приватни фотографии и видеа.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Отворена првата болница во Кина за заболени од коронавирус, зградата била опремена за два дена

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, кога работници и...

Македонија3 часа

Дескоска: Предлог-законот ја гарантира независноста на Обвинителството

Предлог-законот за Јавното обвинителство подразбира градење силно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој, покрај тековните надлежности што ги...

Македонија3 часа

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Полицијата приведе две лица за лажната дојава за бомба во „Сити мол“, соопшти МВР. Приведени се П. Ц. (19) и...

Македонија4 часа

Извршени вонредни проверки на 11 камиони со отпад од Италија, резултатите ќе се знаат за десетина дена

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуализирањето на увозот на отпад во...

Македонија5 часа

Карпош и годинава ќе доделува субвенции за велосипеди, електрични тротинети, фасади и лифтови

Од понеделник, 3 февруари, ќе почне субвенционирањето за нови велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на општина Карпош. Карпошани ќе...

Топ5 часа

Скопјани изградиле куќа во заштитена зона во Националниот парк „Галичица“

Двајца скопјани изградиле куќа на државно земјиште во Трпејца во зоната на строга заштита, која е дел од Националниот парк...

Свет6 часа

(Видео) Кина: Носат шишиња за вода на главата, а ги завиткаа и децата во пластика

Во Кина, каде што е жариштето на коронавирусот, постои голема побарувачка за маски кои речиси воопшто ги нема на пазарот,...

Македонија8 часа

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија9 часа

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија10 часа

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија10 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија11 час

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет11 час

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион11 час

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет12 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион12 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион13 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија13 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија23 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија1 ден

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Досие