Контакт

Топ

Пожари беснеат во Прилепско, жителите бараат помош

Објавено пред

Гори нискостеблеста шума во Прилепско и Мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, а другиот пожар е кај селото Крушеица.

Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески, изјави дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, а пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.

Жителите стравуваат дека огнот може да дојде до нивните куќи.

Македонија

Случај „Монструм“: Во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Објавено пред

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“.

Во разговорите се слушаат Коце Трајановски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Надежда Груевска, Никола Груевски, личната секретарка на Груевски Ленче Самарџиски, гатачката на Груевски, Катерина Најденова, Влатко Мијалков, Оливера Трајковска, Орце Камчев, Митко Чавков и Иво Котевски.

Она што засега е одлика на разговорите е дека станува збор за приватни разговори во кои нема суштински детали за убиството, туку нивни верзии за тоа што се случува и кои би можеле да бидат мотивите.

Коце Трајановски го прашува Јанакиески дали може да се сменат столбовите за светло околу обиколницата во чија што близина се случи убиството.

Јанкулоска на Јанакиески му вели дека немало пострашен настан во историјата на државата со толку цивили дури ни во Првата ни во Втората светска војна.

Гатачката и секретарката на Груевски разговараат за настанот. Првата и’ вели на втората дека според нејзините прогнози има вклучено униформирани лица: „Униформирани лица ќе има умешано“.

Мајката на Груевски разговара со внукот Влатко Мијалков и му вели дека на Сашо Мијалков му пратила порака со нејзина верзија на настанот.

„Моја идеја е тоа, не мора да го прифатат“, вели Надежда. Таа Влатко го кани на ручек, му вели дека запалила свеќи во црквата за неа, за Никола и за сите.

„Ова е направено професионално“, му вели дополнително Надежда на Влатко Мијалков.

Трајковска и Камчев, пак, разговараат двапати за акцијата. Тие се воодушевени што полицијата брзо ги фатила обвинетите.

Судот даде пауза по што продолжува објавата на бомбите. На објавата присуствуваат роднините на убиените момчиња.

На денешното рочиште се преслушуваат „бомби“ поврзани со петкратното убиство кое се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници, против насилството врз нив. Тој рече дека започнале камапња за враќање на довербата помеѓу пациентите и здравствените работници.

„Со министерството за правда и за внатрешни работи започнавме акција, со која сакаме да укажеме дека сите тие напади се казниви, дека се предвидени парични казни, но и казна затвор. Еден дел од напаѓачите, во последните случаи на насилство над здравствени работнции, завршија во притвор“ рече Филипче.

Министерот најави мобилна патрола во старата градска болница, каде, како што рече, имало најмногу инциденти, особено во дежурствата.

Филипче уште еднаш упати осуда кон насилствата над лекарите и здравствените работници, кои пожртвувано ја работат својата работа спасувајќи ги животите на сите пациенти. Тој најави и мерки за зголемување на дигнитетот на лекарите, преку, како што рече зголемување на платите и унапредување на услугите на кои работат тие.

Министерот рече дека во клиниките има вработено обезбедување кое не е ефикасен начин за решавање на овој проблем со насилството. Анализирале со МВР и заклучиле дека најсоодветно решение е ангажирање на полициски службеници.

На новинарско прашање зошто дошол на протестот, на кој се протестира против системот чиј претставник е токму тој, Филипче не одговори конкретно, само продолжи со објаснување на новите мерки.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Објавено пред

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот Центар по повод серијата напади кои се случија изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини.

Тие велат дека ова ќе биде последен протест како предупредување до надлежните институции да го решат овој системски проблем во здравството.

Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари потенцираше дека се оградуваат од секакви политички елити. Тој вели дека насилството врз лекарите мора да престане веднаш.

„Собрани сме да кажеме доста е. Ова ќе биде наш последен револт, повеќе не смее да дозволиме да бидат напаѓани здравствените работници. Долги години тенденциите и негативната кампања се одразуваат врз медицинските работници, а целта е да се стават во сенка лошите одлуки на раководните лица во системот. Време е да се преземат мерки за подобри услови на работниците и пациентите. Ќе престанеме да работиме се додека овие прашања не бидат решени“, истакна Лазаров.

Според лекарите, овие проблеми не смеат да се решаваат зад затворени врати туку само со отворена дебата. Тие на протестот наведоа пет барања кои во најбрз можен рок мора да бидат решени.

Станува збор за донесување на закон за докторска дејност, итно спроведување и законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз полициско лице. Полициско обезбедување на сите здравствени установи, особено во ургентните центри. Вклучување на младите лекари во носењето на сите здравствени политики. Задолжително организирање на некаков внатрешен систем на контрола на медицинските работници.

Медицинските работници истакнаа дека после овој протест ќе остават малку време за надлежните да ги решат проблемите и да ги прифатат овие пет барања. Доколку, како што велат, утврдат дека нема никаква желба за решавање на проблемите, ќе престанат со работа.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Случај „Монструм“: Во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници, против насилството врз нив. Тој рече дека започнале...

Македонија2 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот Центар по повод...

Топ2 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет3 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет5 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет5 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет16 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт17 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион18 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија19 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија21 час

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија23 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија23 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија24 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет1 ден

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Досие