Црна хроника
Пожар во БМВ на патот Ресен-Охрид

На патниот правец Ресен-Охрид во попладневните часови на 9 август, кај месноста викана Буково, настанал пожар во автомобил БМВ со шведска регистрација.
Како што информираат од МВР, автомобилот го управувал 33-годишник од ресенското село Бела Црква, кој инаку живее во Шведска.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од охридската противпожарна единица, а повредени лица нема.
Бил извршен и увид од страна на екипа од СВР-Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Гевгеличанец со стаклена чаша повредил две жени

Маж од Гевгелија физички нападнал две жени пред шестгодишно дете. Според информациите од гевгелиското Обвинителство, осомничениот со стаклена чаша ги повредил жените, украл пари и мобилен телефон и избегал.
Нападот се случил на петти овој месец кога осомничениот околу 20.30 часот, во домот на повредените во Гевгелија, по вербална расправија, физички ги нападнал. Кога ги повредил, украл 200 евра и мобилен телефон. Осомничениот излегол од станот и почнал да бега, а на скалите во зградата физички нападнал уште едно лице.
Против него е поведена постапка за три кривични дела – насилство, телесна повреда и самовластие. Против осомничениот се водела постапка и за други кривични дела и од судот му биле определени мерки на претпазливост, и тоа забрана за напуштање живеалиште, обврска да се јавува на овластено службено лице и привремено одземање патна исправа. Поради тоа што не ги почитувал мерките, по предлог на јавен обвинител, судот му определи притвор од осум дена.
Црна хроника
Истрага против скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Според информациите, осомничениот неовластено, заради продажба, држел марихуана, со вкупна нето-маса од 1.512,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на својата сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.
Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Драма во Арачиново: Дваесет и двегодишник ја грабнал неговата малолетна девојка од дома

Шестнаесетгодишна девојка била насилно однесена од нејзиниот дом, од страна на нејзиниот 22 годишен дечко од Арачиново.
Случајот во полицијата во Арачиново, синоќа го пријавила мајката на девојката.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци