Црна хроника
Пожар во кујната во затворот „Идризово“

Вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ вчера пријавил дека настанал пожар во затворската кујна.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тетин се обидел да ги силува внуките

Тетин се обидел да изврши обљуба врз своите внуки, соопшти полицијата.
Случајот во МВР го пријавила мајката на девојчињата.
„На 26.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукање кај поликлинката во Чаир

Синоќа во 1.30 часот по полноќ, на паркингот зад Поликлиника Чаир, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје.
„Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури“, јави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Автомобил и два мотора се судрија синоќа во Визбегово, пришто со тешки повреди во болница завршија четири млади лица кои немаат ниту 20 години, а се превезувале со моторите.
Во несреќата учествувал автомобил управуван од Н.Х.(26) од Скопје.
Со едниот мотоцикл управувал Ј.З.(18), а со другиот 16-годишник – двајцата од Скопје. Тие биле во друштво на сопатници на возраст од 19 и 15 години. Четворицата со тешки телесни повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер