Контакт

Црна хроника

Пожар во манастирскиот комплекс во Лешок

Објавено пред

Изутринава во 2.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во просторија од Манастирскиот комплекс во селото Лешок, Тетовско, при што бил опожарен ситен инвентар. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово, а увид е извршен, информира полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Во Германија уапсен бегалец од земјава кој е осуден на 32 години затвор

Објавено пред

МВР информира дека во соработка со германската полиција е уапсен криминалец на кој му се изречени казни од над 32 години затвор.

На 29 ноември во Хамбург, Германија бил уапсен Р.Б.(37), по кој трага нашата држава со 11 национални потерници, од кои 1 меѓународна. Тој, според МВР, е сторител на повеќе кривични дела поврзани со измами, фалсификување и телесни повреди сторени на територија на нашата држава и е едно од најбараните лица по кои трага нашата држава. За него се донесени повеќе пресуди од нашите судови, со вкупно изречена казна затвор од 32 години и 5 месеци. 

„Со интензивна комуникација помеѓу Отсекот за меѓународни потраги по лица при Секторот за меѓународна полициска соработка со германскиот полициски офицер за врска, ИНТЕРПОЛ Визбаден, Германија, како и директен контакт со ФАСТ единицата во Хамбург (Fugitive Active Search Team – Единица која активно трага по најбраните криминалци), Германија, за два месеца лицето е лоцирано и лишено од слобода во Германија“, информира МВР.

Ова е втор случај на директна комуникација во последниве неколку месеци со полицијата од Хамбург, односно со ФАСТ единицата, после оној во август 2019, кога во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со интензивна размена на информации преку германскиот полициски офицер за врска за германски државјанин, за кого имаше активна меѓународна потерница, поради сомнение за недозволена трговија на 700 килограми кокаин во Германија, истиот беше лишен од слобода во Северна Македонија. Покрај ова, како резултат на продлабочената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија и германската полиција за неколку месеци лишени се од слобода околу 30-тина лица по кои трага нашата држава со меѓународни потерници, осомничени за различни кривични дела, со цел екстрадиција во земјава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Камион удрил во двајца пешаци во Прилеп

Објавено пред

Две жени со тешки повреди биле пренесени во болница кога во нив удрил камион.

Несреќата се случила вчера во 18.30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Според информациите на МВР, камион „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н. Х. (47) од село Лажани, Прилепско, удрил во пешаците А. В. (48) и И. В. (25), двете од Прилеп.

И двете добиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Гевгеличанец со стаклена чаша повредил две жени

Објавено пред

Маж од Гевгелија физички нападнал две жени пред шестгодишно дете. Според информациите од гевгелиското Обвинителство, осомничениот со стаклена чаша ги повредил жените, украл пари и мобилен телефон и избегал.

Нападот се случил на петти овој месец кога осомничениот околу 20.30 часот, во домот на повредените во Гевгелија, по вербална расправија, физички ги нападнал. Кога ги повредил, украл 200 евра и мобилен телефон. Осомничениот излегол од станот и почнал да бега, а на скалите во зградата физички нападнал уште едно лице.

Против него е поведена постапка за три кривични дела – насилство, телесна повреда и самовластие. Против осомничениот се водела постапка и за други кривични дела и од судот му биле определени мерки на претпазливост, и тоа забрана за напуштање живеалиште, обврска да се јавува на овластено службено лице и привремено одземање патна исправа. Поради тоа што не ги почитувал мерките, по предлог на јавен обвинител, судот му определи притвор од осум дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јујтуб каналот „U6e Big“ се појавија нови аудио-записи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој наликува...

Македонија1 час

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет2 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија2 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет3 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион4 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија16 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија16 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет18 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион19 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија22 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија23 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 ден

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Досие