Топ
Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б. (28) и Б. В. (24), двајцата од Скопје.
Убиството на двете млади момчиња се случи доцна ноќеска на булеварот Македонско-косовска бригада.
„По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило ‘ситроен’ со скопски регистарски ознаки и две лица што не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се патрони од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај и да го убијат претседателот Александар Лукашенко, објави ФСБ.
Уапсени се Александар Федута од Белорусија и Јури Зенкович, кој има двојно државјанство – белоруско и американско.
Акцијата била спроведена во соработка со белорускиот комитет за државна безбедност и, како што подоцна било утврдено, тие планирале да извршат воен удар „според стандардното сценарио на обоени револуции со поддршка на локалните националисти“.
Според белоруската страна, тие се согласиле на сè преку месинџер, а потоа решиле да организираат состанок во Москва со одредени белоруски генерали кои би биле вклучени во целиот процес.
ФСБ наведува дека состанокот бил организиран во еден од московските ресторани веднаш по пристигнувањето на Зенковиќ во Москва по консултациите во САД и Полска, а нивниот план бил да ги окупираат сите радио и телевизиски радиодифузни центри за време на пучот, да ги блокираат институциите, како и да го затворат целиот енергетски систем на Белорусија со цел да се отежне работата на полицијата и армијата.
Нивната цел, додава ФСБ, била да го сменат уставниот поредок на земјата со испразнување на претседателското место за да може „Националниот комитет за помирување“ да ја извршува таа функција.
ФСБ додава дека по апсењето, тие биле предадени на белоруската страна за обработка.
Македонија
Нови 824 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 313, Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – 9, Неготино – 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Радовиш – 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 4, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1 .
Регистрирани се 682 оздравени пациенти од:
Скопје – 285, Кавадарци – 57, Прилеп – 49, Куманово – 45, Битола – 31, Гостивар – 29, Велес – 24, Тетово и Кичево – по 20, Неготино – 19, Гевгелија – 18, Штип – 16, Струмица – 14, Кочани – 10, Валандово – 9, Берово – 8, Свети Николе – 7, Демир Капија – 4, Ресен, Пробиштип и Виница – по 3, Охрид, Радовиш и Македонски Брод – по 2, Струга и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).
Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.
Направени се 3.988 тестови преку: ИЈЗ – 526, ЦЈЗ Скопје – 79, ЦЈЗ Битола – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 7, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 16, Институт за микробиологија – 71, МАНУ – 129, Жан Митрев (Филип Втори) – 143, Авицена – 293, Биотек – 323, Систина – 247, лабораторија Лаор – 548, Синлаб – 132, Ремедика – 66, Плодност – 60, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.274.
Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 65174, активни 9073
Куманово 8016, активни 1280
Прилеп 7877, активни 999
Тетово 6889, активни 695
Битола 5706, активни 1333
Велес 5197, активни 772
Гостивар 4986, активни 484
Кавадарци 4977, активни 545
Штип 4731, активни 483
Охрид 4698, активни 881
Струмица 3774, активни 582
Струга 2858, активни 272
Кочани 2579, активни 324
Кичево 2338, активни 314
Неготино 2110, активни 258
Гевгелија 2108, активни 351
Свети Николе 1429, активни 156
Крива Паланка 1178, активни 102
Ресен 1168, активни 231
Радовиш 1039, активни 140
Берово 965, активни 77
Делчево 929, активни 100
Дебар 904, активни 63
Пробиштип 754, активни 60
Виница 739, активни 122
Валандово 633, активни 99
Крушево 457, активни 102
Богданци 468, активни 79
Демир Капија 392, активни 43
Демир Хисар 358, активни 57
Кратово 352, активни 26
Македонски Брод 344, активни 34
Пехчево 250, активни 21
Македонска Каменица 224, активни 15
Дојран 132, активни 20
Свет
Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат тој да му обезбеди лекување на Алексеј Навални, кој е во затвор.
„ Како руски државјанин, Навални има законско право да биде прегледан и лекуван од лекар по негов избор“ се наведува во писмото.
Нивниот повик беше објавен денеска од повеќе европски весници, вклучувајќи го и „Економист“ на англиски јазик.
Писмото го потпишаа авторката на книгата за Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг, тројца добитници на Нобелова награда за литература, Херта Милер, Луиз Глук и Светлана Алекиевич, член на групата Аба – Бјорн Улваес, британските актери Бенедит Камбербач и Кристин Скот Томас, но и историчарите Нил Фергусон и Симон Шама.
Во писмото што споменатите познати личности му го испратија на Путин се истакнува дека Навални се наоѓа во критична состојба.
„ Господине претседател, ве покануваме веднаш да му пружите на Алексеј Навални медицинска помош и нега што му е итно потребна, на која тој има право, во согласност со рускиот закон. Како некој што се заколнал дека ќе го почитува законот, сега имате можност да го примените тоа во пракса“ додаваат во писмото.
Навални штрајкува со глад со денови, обидувајќи се да ги принуди затворските власти да му дозволат да посетува лекар.
44-годишниот руски дисидент неодамна се пожали на болки во грбот, вкочанетост на екстремитетите, треска и кашлица. Неговото семејство, адвокати и приврзаници изразија загриженост за неговото здравје.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш