Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гореше автомобил во Прилеп, нема повредени лица
На улицата Пенка Котеска во Прилеп вчера било пријавено дека е опожарено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Г. (49) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат на време и нема повредени лица.
„Пристигнавме веднаш по добивањето на пријавата. Пожарот беше локализиран во краток период, а нема повредени лица. Ова е сериозен инцидент, но засега немаме информации за причините за пожарот“, велат од полицијата.
По извршениот увид, полицијата започна истрага за откривање на причините за пожарот.
Црна хроника
Пиштол и 263 куршуми најдени во куќа во Дреновец
Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат за одземени пиштол и 263 куршуми при претрес во дом на 46-годишно лице од Дреновец.
-Вчера во периодот од 10:45 до 11:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР – Тетово извршиле претрес во домот на С.С. од Дреновец – Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ и 263 куршуми калибар 9 милиметри, соопштуваат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, како што додаваат, ќе следува соодветна пријава.
Топ
Тешка сообраќајка на „Илинденска“ во Скопје, возач со автомобил удри во канделабра
Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра. Како што информираат од МВР синоќа во 23:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на булевар „Илинден“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С., на возраст од 25 години, удрило во метална канделабра.
Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д., на возраст од 34 години од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР – Скопје.