Контакт

Црна хроника

Полицаец го прегазил колегата со оклопно возило

Објавено пред

25- годишен полицаец, управувајќи со возило „хермелин” , му го прегазил стапалото на свој колега во касарната ,,Ѓорче Петров”

Вчера било пријавено дека околу 18:05 часот во кругот на касарна „Ѓорче Петров“, каде што се сместени оклопните возила „хермелин“, полициски службеници вршеле проверка на исправноста на оклопните возила и притоа 25-подишен полициски службеник управувајќи „хермелин Х09“ му нанел повреда на десната нога на 38-годишен полициски службеник.

На повредениот му е укажана помош во Градската општа болница „8 Септември“. За случајот е известен е ОЈО Скопје по чија наредба извршен е увид на лице место.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР презема мерка од нивна надлежност, соопшти МВР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 10 февруари во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во Штип искршена таблата на Агенцијата за вработување

Објавено пред

Во штипската полиција вчера (24 февруари) било пријавено дека непознат сторител ја извадил и оштетил таблата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Штип.

Според пријавеното, вандализмот се случил меѓу 21 и 24 февруари на штипската улица Гоце Делчев.

Полицијата извршила увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Деканот на Ветеринарниот факултет во Битола незаконски се унапредил себеси и свој колега

Објавено пред

Битолската полиција поднесе кривична пријава против Г.Ж. (60), декан на Ветеринарниот факултет во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираат од МВР, пријавениот во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на колега од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Мицкоски побара да се покрене истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го...

Македонија4 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија4 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија6 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион7 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија8 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно9 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија10 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион10 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт12 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија12 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет12 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет23 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт23 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет23 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие