Црна хроника
Полицаец стопирал жена поради сообраќаен прекршок, па ја допирал по телото
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министсерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик.
На 31.07.2024 околу 22.30 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место се до завршување на дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведена жена во Скопје: била барана со потерница за казна затвор од две години
Денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 09.30 часот во Скопје, на територија на општина Чаир, ја лишија од слобода О.К.(42) од Скопје.
Таа била барана по централна потерница од МВР, по наредба од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор во траење од две години, а во врска со чл.235 ст.1 во врска со чл.22 од КЗ за сторено кривично дело кражба.
Лицето, како што соопшти МВР ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Топ
Претреси на повеќе локации во повеќе градови, поради даночно затајување и перење пари
По доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти, информираат од обвинителството.
Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издал наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, се наведува во соопштението.
„Полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координарано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедија бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.
Претресите се уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката“, соопшти ОЈО.
Црна хроника
Ограбен 72-годишен маж од Свети Николе: сторителот му украл лични документи, пари, мобилен телефон
Вчера во 18.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.
Тој се сомничи дека на 07.09.2024 во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари и мобилен телефон.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.