Контакт

Топ

Полицаец уапсен за шверц на пет килограми хероин од Косово, едно лице е во бегство

Објавено пред

По повеќедневни активности и насоки од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, полицијата и Царинската управа спроведоа акција во која во бункери на возило е пронајден хероин во вкупна тежина од околу 5 килограми (4.951,7 грама).

dobivaj vesti na viber

Во врска со овој настан уапсени се две лица, од кои едниот е полицаец, а се трага и по уште едно лицe кое во моментов е во бегство.

Како што информираат од Oбвинителството, на 7 март годинава во претпладневните часови првоосомничениот, заедно со второосомничениот полицаец, заминале за Тетово со автомобил „голф 5“. Потоа од автосервис во Тетово зеле автомобил „бе-ем-ве“ во кој од левата и десната страна на крилата имало специјално направени бункери, по што се упатиле кон бензинска станица на автопатот Скопје-Петровец.

Таму го оставиле возилото со специјално направените бункери и заедно заминале кон Скопје со „голфот“.

Вечерта осомничениот полицаец, преку граничниот премин Долно Блаце, по упатства на првоосомничениот, заминал за Косово каде се сретнал со непознато лице од Приштина.
На средбата биле договорени деталите за неовластеното купување и пренесување на хероинот.

Утредента, во попладневните часови, по претходен договор, првоосомничениот со возило „ауди“ и третоосомничениот со автомобилот со направените бункери, преку граничниот премин Долно Блаце се упатиле кон Приштина.

За време на патувањето, осомничениот полициски службеник им давал насоки за точната локација од каде треба да се набави хероинот. Откако дрогата била сместена во бункерите на возилото, осомничените преку два различни гранични премини – Долно Блаце и Белановце се вратиле во земјава.

Сретнувајќи се кај селото Никуштак, продолжиле да се движат со возилата, еден зад друг, кон Скопје. На влезот од хотел „Белви“, возилото со хероинот било запрено од страна на полициски службеници и спроведено до Царински терминал каде мобилен тим на Царинската управа извршил контрола над возилото и пронашол 10 пакувања хероин во бункерите на возилото.

Полицискиот службеник и третоосомничениот – возач на „бе-ем-ве“, се уапсени и по предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Првоосомничениот при обид да биде запрен и легитимиран, со возилото „ауди“ се дал во бегство во правец кон село Арачиново. Возилото е пронајдено, а по осомничениот се трага.

Против трите лица е покрената истражна постапка поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

 

 

Македонија

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Објавено пред

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им посака да имаат среќна и успешна година, да го искористат својот потенцијал, да бидат креативни.

dobivaj vesti na viber

„Старите Римјани рекле Festinа lente. Брзајте, но бавно, пополека – кон вашата цел, а тоа е кога ќе завршите со ова поглавје, еден ден да станете истакнати правници, адвокати, судии, обвинители, новинари, професори, политолози, па и политичари. Тоа ќе го постигнете само со учење. Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете! Знаењето никој никогаш не може да ви го одземе! А многу бргу ќе дојде времето кога кормилото ќе дојде во ваши раце и знаењето ќе треба да го примените во пракса“, им порача министерот за правда Никола Тупанчески на идните студенти.

Оваа генерација студенти се разликува од претходните. Новиот стил на живеење, рече Тупанчески, а особено условите што се наметнаа во изминатите неколку години, доведоа до тоа студентите да бидат постојано присутни и активни на социјалните мрежи, па дури и дел од процесот на образование да го следат по видеоконференциски пат.

Прикажи повеќе...

Економија

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Објавено пред

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација.
Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“.

dobivaj vesti na viber

Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку работодавци воопшто ќе може да исплатат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавци, Рајнер Дулгер, рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

Веќе за време на пандемијата постоеше можност да се плати премија без данок. Сепак, не се знае колку фирми исплатиле и за какви суми се работи.

Предуслов за даночно ослободување е парите да се исплаќаат покрај редовната плата. Дополнително, работодавецот мора да наведе дека се работи за паушален износ, кој е поврзан со поскапувањата. Во случај на корисници на социјална помош премијата не треба да се смета како приход.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење рече дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите „Северен тек 1“ и “Северен тек 2“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

„Блинкен отворено, без двоумење, рече дека САД и нивните партнери во НАТО имаат мотиви да ги уништат гасоводите ‘Северен тек 1’ и ‘Северен тек 2’“, напиша Захарова на „Телеграм“.

Како мотив за уништувањето на „Северен тек“, Захарова ја наведува изјавата на Блинкен, кој рече дека САД го зголемиле производството на течен природен гас, кој моментно се водечки европски снабдувач, „помагајќи да се компензира секоја загуба на Европа во нафта и гас поради руската агресија врз Украина“.

Захарова нагласи дека „Украина нема никаква врска со тоа“ и дека „киевските политичари под притисок на американските власти постојано поставуваат услови на руската страна во однос на транзитот на гас, кои биле на работ на уцена“.

Блинкен рече дека тоа е „огромна можност, неверојатна можност еднаш засекогаш Европа да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори“.

Захарова го негира и американскиот државен секретар, кој ја обвини Русија дека „ја користи енергијата како оружје“.

„Русија никогаш не ја користела енергијата како оружје. Русија, а пред неа СССР, едноставно ја снабдуваа Европа со гас. Континуирано. Во текот на 50 години. Лагата на Вашингтон само ја потврдува неговата криминална манипулација со оваа тема“, рече Захарова.

На 26 септември на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ откриено е истекување гас. Како што соопшти операторската компанија „Норд стрим АГ“, дефектот е без преседан и невозможно е да се процени временската рамка за ремонт.

Властите на Германија и Данска не исклучуваат дека причина за несреќата била саботажа на гасоводите, пренесе „Ало.рс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија52 минути

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 час

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење рече дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите „Северен тек 1“...

Свет2 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет2 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија3 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија4 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет5 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет5 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет5 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа5 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет6 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет6 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион15 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ17 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет20 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија22 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија1 ден

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија1 ден

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...