Контакт

Црна хроника

Полицајци нападнати во Виница

Објавено пред

Полицајци биле нападнати во Виница при вршење службени дејства. Како што информира МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од Кочани за „загрозување на сигурноста“ и против Д.Г.(26) од Виница за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Двајцата на 23 декември минатата година на улица Маршал Тито во Виница нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Објавено пред

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето по хотели во Тетово и наплаќале за услугите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против нив под сомнение за кривично дело трговија со дете.

Жената дознала од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка нема татко и живее само со болна мајка во тешки семејни и материјални услови. Таа го земала девојчето во својот дом и преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето.

„Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето“, соопштија од Обвинителството.

Второосомничениот, кој ѝ бил сосед на осомничената, иако знаел дека девојчето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка.

Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги.

Случајот во полиција го пријавило девојчето. На двајцата осомничени им е определен притвор од 30 денa

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во возила на македонските патишта за еден ден пронајдени 72 мигранти

Објавено пред

Во текот на 17 јуни полициски екипи во три возила на македонските патишта пронашле дури 72 мигранти.

Во првиот случај, околу 15 часот, во близина на клучката за археолошкиот локалитет „Стоби“, при преглед на претходно паркиран камион „мерцедес“ полицијата пронашла 31 мигрант, од кои 29 државјани на Пакистан и двајца државјани на Бангладеш.

Околу 17.20 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип полициска екипа кај клучката за село Тополница при преглед на претходно паркирано возило „форд транзит“ пронашла 20 мигранти, сите државјани на Бангладеш.

Покрај тоа, при преглед на товарно возило „фолксваген транспортер“ биле пронајдени уште 21 мигрант, од кои 16 државјани на Бангладеш и пет државјани на Пакистан.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на двата случаја.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Моторџија тешко повреден при удар во „бмв“

Објавено пред

Моторџија е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Битола. Како што информира полицијата, вчера во 14.40 часот на крстосницата од улиците Новачки пат и Шералти во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв 525“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н. К. (31) од Битола, и мопед „jујинг 50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г. Р. (49) од Битола.

Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Седум земји-членки на ЕУ гласале против отворање преговори со Северна Македонија

Седум земји-членки на Европската Унија гласале против отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите...

Свет45 минути

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, откако земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа47 минути

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет1 час

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија14 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет14 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ16 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија17 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа18 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија21 час

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија21 час

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет21 час

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион22 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија23 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт24 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 ден

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Досие