Црна хроника
Полицајци нападнати од дрвокрадци во селото Долно Количани
Полицајци биле нападнати и повредени од дрвокрадци во скопското село Долно Количани. Како што информира полицијата, вчера околу 17.35 часот во селото Долно Количани полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање службени дејства со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото.
„Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста, полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздухот и успеале да се оттргнат од насобраната толпа. Полициските службеници со возило на итната медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница ‘Свети Наум Охридски’, каде што им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал
Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол
Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда.
Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.
Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Косовски државјанин „летал“ со 203 километри на час кај Смоквица
Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час.
Според информациите на МВР, вчера вечер, на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).
„При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР.
Тој е исклучен од сообраќај и против него е поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
