Контакт

Црна хроника

Полицијата пукала за да запре камион со дрва, крадците побегнале

Објавено пред

Синоќа, околу 23 часот, полициски службеници на локалниот пат од село Долно Количани кон село Пагаруша, Скопско, додека вршеле службени дејствја, дале знак за запирање две товарни возила натоварени со дрва, при што едното товарно моторно возило не ја почитувало наредбата и се насочило кон полициските службеници.

Притоа полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух и во задната гума, но возилото на застанало. По преземените мерки, во селото Пагаруша било пронајдено товарното возило „застава“, кое било одземено со огревните дрва, а известена била и Шумската полиција. Се работи на расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја уби жената на возраст од 34 години.

Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде што сопружниците биле во посета.

По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.​

Прикажи повеќе...

Топ

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Објавено пред

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата, жената била бодена со нож.

„Пријавено е дека во Струга, на улцата Ристо Крле, при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала Итната медицинска помош“, велат од МВР.

Во тешка состојба е и 39-годишниот Ј. Р., кој ја убил жената. Неофицијално, сопругот по убиството се обидел и да се самоубие. Тој е пренесен во Општата болница во Струга.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тројца повредени во судир на две возила на „Партизанска“

Објавено пред

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот Партизански одреди во Скопје помеѓу полициско возило „ауди 4“ и „хјундаи“.

Во незгодата повредени се двајцата возачи – М. М. (30) и Д. С. (46) и совозачот на полициското возило З. Т. (52), сите тројца од Скопје.

Извршен е увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 минута

ЕУ постигна договор за климата, значително се намалува емисијата на стакленички гасови

Преговарачита на Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за закон за климата според кој до 2030 година...

Свет40 минути

Израел подготвува нова рунда на вакцинација, сега и на децата

Израел планира нова рунда на вакцинација против коронавирус за шест месеци, во која ќе се вакцинираат и деца, најави премиерот...

Свет1 час

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет1 час

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видеопорака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ12 часа

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија12 часа

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија13 часа

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт14 часа

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија16 часа

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија18 часа

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија19 часа

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Македонија20 часа

Србите ќе бидат ослободени од плаќање патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини. Ослободувањето ќе...

Свет21 час

Научникот кој ги поврза „Астразенека“ и згрутчувањето на крвта добивал пари од „Фајзер“

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија...

Македонија22 часа

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија22 часа

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија22 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа23 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет1 ден

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија1 ден

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија2 дена

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Досие