Црна хроника
Полицијата синоќа казнила над 100 пијани возачи

Полицијата синоќа изрекла 129 санкции за возење под дејство на алкохол низ територијата на државата.
„Во текот на изминатата вечер (22/23.01.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 129 возачи. Од нив, 23 на територијата на СВР Скопје, 17 на територијата на СВР Тетово, 15 на територија на СВР Струмица“, велат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Работник почина од струен удар во фабрика во Струшко

Маж вработен во фабрика бил пронајден починат во дворот на објектот, во близина на електричeн ормар, соопшти МВР.
„На 27 мај во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во селото Враништа, Струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар“, велат од полицијата.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
Приведени двајца дилери на дрога од Скопје

Денеска на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон.
Двете лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Прегазен малолетен пешак во Охрид

Синоќа на улицата Даме Груев во Охрид, патничко возило „форд“ управувано од Т.Т.(38) од Охрид, удрило во малолетен пешак од овој град.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.