Црна хроника
Поранешен директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица незаконски си исплатил половина милион денари додатоци на плата
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во десет наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ Струмица, на 04.08.2020 и 13.10.2021, без да биде направена соодветна анализа согласно Правилникот за плати и други надоместоци на плата на јавното претпријатие и спротивно на законската регулатива, донел решенија за додаток на плата, при што му биле исплаќани по 9.000 и по 6.000 денари месечно, додаток на плата, се до престанокот на неговиот мандат во 2024 година. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 552.520 денари.
Исто така, во текот на септември и октомври 2021 година, пријавениот донел уште седум идентични решенија за седум други вработени лица во Јавното претпријатие и им биле исплаќани по 6.000 денари месечно до месец март 2022 година, со што се стекнале со противправна имотна корист од 276.000 денари.
Додека, пак за едно вработено лице, пријавениот донел решение за додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот, за што биле исплаќани по 6.000 денари месечно се до месец март 2022 година и на тој начин се стекнало со противправна имотна корист од 36.000 денари.
Со таквите дејствија, пријавениот го оштетил буџетот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 864.520 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

