Контакт

Црна хроника

Постапка за убиство поради тензии меѓу две семејства во Арачиново

Објавено пред

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против маж, осомничен дека на 18. август во селото Мојанци, Арачиново, од автомобил во движење пукал во Зилбехар Ајвази.

Ајвази бил застрелан со огнено оружје со калибар од 7,62 x 25 милиметри.

Како што информираат од обвинителството, на критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил „голф 3“, управуван од засега непознато лице.

Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка повреда.

Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во скопската болница „Св. Наум Охридски“, каде му била извршена операција, но на 9 септември починал.

Пред да почине, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓач кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

Притоа, обвинителот особено го ценел фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за својот идентитет.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Објавено пред

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14.20 часот на улицата Железничка во Охрид кога автомобил „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С. Н. (33) од Охрид, удрил во пешакот З. С. (62) од село Велгошти, Охридско.

Жената пешак добила тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Неуспешен обид да измамат жена да плати за лажна сообраќајка

Објавено пред

Педесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека на 12.февруари на нејзиниот домашен телефон се јавило женско лице и ѝ кажало дека направило сообраќајна незгода, по што веднаш се јавило машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода и дека треба да плати одреден износ.

Според пријавеното, откако таа му одговорила дека нејзината ќерка е дома, лицето ја прекинало врската. Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетник имал пиштол во автомобилот

Објавено пред

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле автомобил „фолксваген пасат“, управуван од 16–годишен малолетник од с.Рашче, скопско.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол “Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Мицкоски го повика Заев на тв дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на тв дуел. Тој вели дека добил покана...

Македонија25 минути

Пуштен е билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет2 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ3 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет3 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет3 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет5 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија16 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија18 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија19 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија20 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија20 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија21 час

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија22 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија22 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија23 часа

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија23 часа

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија1 ден

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ1 ден

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Досие