Контакт

Црна хроника

Почината 80-годишна жена пронајдена во Охридско, била пријавена за исчезната

Објавено пред

На 19.3.2020, околу 12 часот, во СВР Охрид, жител на охридското село Велгошти пријави дека недалеку од селото, во месноста Чурила, забележал починато лице.

dobivaj vesti na viber

По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д. Н. (80) од с. Велгошти, која на 7.3.2020 била пријавена за исчезната. По извршен преглед од лекар патолог, било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт.

Црна хроника

Полициска акција за спасување: Заглавени малолетници на Попова Шапка и брачен пар со возило во снег

Објавено пред

Полицијата успеала да спаси брачен пар заглавен со автомобил во снег на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, тоа се случило вчера по 16 часот, кога К.Р.(22) од Скопје побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга со автомобил „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот и во 16. 35 часот на место викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено.

Вчера исто така, две малолетни лица од Скопје побарале помош, бидејќи се наоѓале во објект кај ски-лифтот на Попова Шапка и поради густата магла и силен ветер не биле во можност да слезат.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка во содејство со Ратрак излегле на местото и околу 16.20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Српски државјанин фатен на граница како превезува мигранти

Објавено пред

Српски државјанин фатен како превезува мигранти на граничниот премин Стар Дојран.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, М.К.(47) од Србија возел товарно возило со приколка, а во него биле пронајдени 20 мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во скопска продавница за миленици се продавала дрога, полицијата најде 85 таблети

Објавено пред

Дрога се продавала во продавница за миленици во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Полицијата извршила претрес во просториите на продавницата и нашла 85 таблети.

На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка со оглед на опасноста осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет57 минути

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет1 час

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...

Македонија2 часа

Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој...

Регион2 часа

Петков: На Македонија треба да и се каже дека за во ЕУ мора да се отстрани омразата

Зборувајќи за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, поранешниот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) изјави:...

Економија4 часа

Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува...

Регион5 часа

Бугарскиот пратеник по протерувањето од Македонија: Очекувам остра реакција од Бугарија и ново вето за Северна Македонија

Ангел Георгиев во саботата отпатува да ја одбележи 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да го посети гробот на...

Македонија7 часа

МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо...

Регион8 часа

“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор

Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската...

Македонија8 часа

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се...

Регион9 часа

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на...

Македонија10 часа

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони...

Македонија11 часа

Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе...

Регион11 часа

Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за...

Македонија11 часа

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови....

Свет12 часа

Зеленски им го одзеде државјанството на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руско влијание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на...

Регион13 часа

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка...

Свет13 часа

Почина Первез Мушараф

По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска. Во изјавата испратена...

Свет13 часа

Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон

По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше. Кинеските власти соопштија дека го задржуваат...

Македонија22 часа

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....